Црна хроника
Кривична пријава против седум лица од Струмица поради „загрозување на животната средина со отпад“
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“.
„Пријавените лица неовластено тргувале со отпад, односно се занимавале со откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од разни физички лица, по што вршеле механичко одвојување, сортирање на делови и екстракција на метали, кои подоцна ги носеле во регистрирани отпади, односно кај правни субјекти кои вршат дејност складирање и третман на отпад или кај пријавениот А.Ш., каде ги продавале по повисока цена со цел да остварат материјална корист. Исто така, А.Ш. вршел и складирање на отпадни работи во непосредна близина на неговото живеалиште во Струмица и ги организирал останатите пријавени лица да вршат откуп на отпадни метални работи од трети лица и да му ги продаваат нему“, соопшти МВР.
За таа цел им давал на користење возила во кои товарале и носеле отпадни работи, а за негови потреби останатите пријавени лица вршеле и транспорт на веќе одвоените и сортирани метални предмети до овластени отпади и слично, за што А.Ш. им плаќал определен паричен надомест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени двајца дилери од Берово
Полицијата уапси двајца дилери од Берово, во возилото во кое се превезувале и во нивните домови е пронајдена дрога.
На 11.12.2025 околу 17:30 часот, на место викано „Фармите“ на локален пат Делчево-с.Тработивиште, делчевско, полициски службеници ги лишија од слобода С.К.(32) и Д.Д.(19), двајцата од Берово. По преземени мерки и активности, полициските службеници запреле и извршиле контрола во патничко возило „пежо“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.К., а сопатник бил Д.Д.. притоа, во возилото и кај нив се пронајдени и одзмени марихуана и бела грутчеста материја.
Подоцна, со судска наредба, извршени се претрес во нивните домови во Берово, при што во домот на С.К. се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дробилка, дигитална вага и други предмети. Додека, во домот на Д.Д. се пронајдени предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, против двајцата, по брза постапка, ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Двајца уапсени во Струга по пријави за семејно насилство
Полициски службеници привеле две лица по пријави за физички напад врз нивните невенчани сопруги, соопшти СВР Охрид.
На 11 декември 2025 година во 22:45 часот, на кеј „8 Ноември“ во Струга, од слобода бил лишен С.Р. (30) од Скопје, кој претходно, во семејниот дом во Струга, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, на 12 декември 2025 година во 02:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ќ.Ќ. (33) од селото Радолишта, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. И во овој случај, по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 4 декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена.
Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и дошол пред собата каде била оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг.
Кога го видела, таа станала и тргнала кон вратата од собата за да го спречи да влезе, но во тој момент осомничениот извадил нож и со него ја удрил во пределот на главата. Во момент кога му паднал ножот, оштетената успеала да се тргне и на висок тон почнала да вика и да бара помош, па од другата соба излегол нејзиниот син и го спречил осомничениот.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомничениот.

