Црна хроника
Кривична пријава против тројца полицајци, употребиле прекумерна физичка сила врз крадец од Скопје
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Одделение за гонење лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П. Р., Б. П. и К. Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка телесна повреда по чл.131 став 3 во врска со кривично дело малтретирање во вршење на службата по член 143 од КЗ.
Имено, пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање службени дејства над оштетениот А. З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото
Полицијата уапси 29 годишен неготинчанец откако скопјанка го пријавила дека ја присилил на полово дејствие, ја снимал, а потоа ѝ барал пари за да не го објави видеото.
„На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.

