Црна хроника
Маж од Виничко и 26-годишник од Штип пијани предизвикале сообраќајни несреќи, битолчанец не застанал на знак за запирање
Вчера во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од село Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево.
При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта.
Вчера вечер во 23:16 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Битола констатирале дека патничко возило „волво“ со битолски регистарски ознаки се движи со брзина од 112 километри на час. Возачот не застанал на даден знак за запирање и со возилото продолжил со движење.
Исто така на улицата „Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип. Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип.
При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д..
Вчера во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
По целосно расчистување и документирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

