Црна хроника
Моторџија без дозвола удри 10-годишно девојче на „Џон Кенеди“

33-годишен скопјанец, возач на моторцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски таблички, удрил 10-годишно девојче кое се здобило со тешка телесна повреда – скршеница, информира Основното јавно обвинителство Скопје.
Според обвинителството, возачот управувал со моторциклот без заштитен шлем и без да поседува соодветна возачка дозвола за таа категорија возила.
Несреќата се случила на улицата „Џон Кенеди“, пред влезот на основното училиште „Васил Главинов“, каде што девојчето го преминувало коловозот на обележаниот пешачки премин. Наместо да запре и да им даде предност на пешаците, возачот со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на девојчето.
„Осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
За да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување кај службено лице во судот, како и привремено одземање на патната исправа. Судот ги прифати предложените мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сакал да влезе на Табановце со фалсификувана возачка дозвола

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.С.(37) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Нa 15.04.2025 на граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.
Црна хроника
Загина 16-годишно момче во Чаир, возел мотор и удрил во тротинет

Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.
„Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на полицијата и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Мајка му помагала на синот да криумчари мигранти, Судот им одреди притвор

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против четири лица од Гевгелија – Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50) – поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 17 април 2025 година, првопријавениот Д.Т. на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, меѓу кои и дете од Кина, и ги предал на второпријавениот У.К. Во меѓувреме, третопријавената Л.А., мајка на првопријавениот, преку телефон ги известувала за движењето на полициските патроли за да им овозможи непречено криумчарење.
„Од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, на првопријавениот и второпријавениот им беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека третопријавената доби мерка домашен притвор во траење од 30 дена“, соопштија од МВР.
Истрагата продолжува за целосно расветлување на случајот.