Црна хроника
„На бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон“, уапсен скопјанец
Денеска во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода 35-годишниот В.В. од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон, извести МВР.
„Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот СВР Скопје – ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сомнителни лица со возило се движеле низ воениот објект Криволак, во автомобилот имале алати за ископ
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од с.Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение за неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.
„На 14 април 2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал – детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Државјанин на Турција најден починат на Бит Пазар
Вчера во полицијата било пријавено дека во станот во кој престојува на на подрачјето на Бит Пазар, бил пронајден починат А.К.(69) од Република Турција, со престој во Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Сопружници од Скопје меѓусебно се обвиниле за напад среде трговски центар во Центар
Педесетгодишен скопјанец пријавил во полицијата дека пред два дена бил нападнат од неговата 36-годишна сопруга во трговски центар на подрачјето на Центар.
Исто така, и сопругата пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој и упатувал и закани, а потоа и го одзел мобилниот телефон и го фрлил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.