Црна хроника
Сакале да нападнат судија: двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.
На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да преземе дејства предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и презел службени дејства за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и почнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот по што осомничените во два наврата се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото
Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје.
Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична пријава за две лица од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б..
Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата, соопшти полицијата.

