Црна хроника
Скопјанец пронајден починат во својот дом

Вчераво 15.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Центар во Скопје е пронајден починат Т.Ј.(66) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица: ја злоупотребил функцијата

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик.
З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, во текот на 2022 година за потребите на јавното претпријатие по фактури набавил вреќи за отпад од правно лице од Струмица за цена во вкупен износ од 1.239.000 денари, а во 2023 година, исто така, набавил вреќи за отпад за цена во вкупен износ од 1.872.660 денари.
Ваквите набавки ги извршил без да се спроведе постапка за јавна набавка и конкурс за избор на идејно решение, односно постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Исто така, пријавениот како директор на јавното претпријатие бил должен да предложи годишен план за јавни набавки и да донесе одлука за набавка на средства за работењето на претпријатието, меѓутоа тоа не го сторил, со што постапил спротивно на член 34 од Статутот на претпријатието.
Со таквите дејствија С.Г. овозможил правното лице од Струмица да се стекне со против правна имотна корист во вкупен износ од 3.111.660 денари.
Црна хроника
Влегле во домот на кавадарчанец и украле пари и ракија: кривична за две лица

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
На 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена.
Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.
Црна хроника
Маж нападнат од својата поранешна сопруга во Ѓорче Петров

Во СВР Скопје синоќа во 19.00 часот, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Ф.(51) од Скопје.
МВР информира дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.