Црна хроника
Со закани кон вработената украл пари: разбојништво во обложувалница во Струга
Синоќа во 23:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 23:00 часот во спортска обложувалница во Струга, едно лице со закани кон вработената одзело пари од дневниот промет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдено тело на жена во Вардар
Во полицијата, вчера било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице.
Телото било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.
Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Црна хроника
Во Скопје пријавено насилство: 14-годишник натепан и оставен во Сингелиќ, 16-годишната сестра однесена со возило
Педесет и едногодишна скопјанка пријавила дека на 30 ноември околу 17:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С.
Според пријавата, В.С. во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со девојчето продолжил да се движи со автомобилот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Насилство во Прилеп: со „форд“ удриле во „голф“ па предизвикале тепачка
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(23) и М.П.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 12.08.2025 пријавените со патничко возило „форд“ удриле во патничко возило „голф“, во кое биле В.Р., Д.П. и М.К., а потоа ги нападнале со употреба на тврд предмет.

