Топ
Тинејџер од Велес грабнал 17-годишно девојче и два месеца ја силувал додека двајца возрасни ја тепале
Грабнато 17-годишно девојче од Скопје, два месеца силувано и тепано. Полицијата реши грозоморен случај во Велес.
Според информациите 17-годишник кој привремено живеел во Велес, ја грабнал врсничката од Скопје и против нејзината волја ја држел два месеци во неговиот дом и во неколку наврати ја силувал.
Во случајот вмешани се и две возрасни лица 39-годишниот К.Е. и 46-годишната А.Е, кои физички ја напаѓале.
Тројцата се приведени и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Локацијата на ГОБ„8 Септември“ на Мицкоски му делува како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експерите да кажат
Премиерот Христијан Мицкоски чека да завшрат локалните избори за да распише повик за финансиски институции кои ќе понудат кредити за болницитe во Штип, Тетово и Кичево, а веднаш потоа, како следен чекор, најави дека со партнерите од Обединетото кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје. Локацијата на Градска општа болница „8 Септември“ според премиерот е одлична за нов клинички центар.
„Чекор по чекор. Сега прво да завршат локалниве избори па да се распише јавен повик за финансиски институции за болниците кои што се поврзани со договорот влада со влада со Обединетото кралство. Тоа да заживее па следно е големиот клинички центар. Инаку навистина делува овдека како одлична можност, одлична локација три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност така што ајде да видиме, да оставиме експертите да си го кажат своето мислење“, рече премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарски прашања по постеата на болницата „8 Септември“ во која почна да функционира хибербарна комора за третман на хронични рани, дијабетично стапало, изгореници како и поддршка за пациенти од платична хирургија, пулмологија, а ќе функционира и како поддршка за спортисти.
Премиерот Мицкоски ги повика експерите и Министерството за здравство да направат анализи за новио клинички центар во Скопје, за потоа Владат да изеле со конкретен став.
Македонија
Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД
Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко.
„Тоа се портали, кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, кој сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ја поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам, сега, за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат оваа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многупати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете, оставам на тој начин да прават и креираат сензација, инаку апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.
Топ
Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, лоцирана во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

