Контакт

Топ

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Објавено пред

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше убиено едно лице.

dobivaj vesti na viber

На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени.

Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон онавтомобил „голф“ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди опасни по животот.

Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето избегале.

Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност, исто така, била загрозена.

За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, е одреден притвор.

Свет

Белата куќа објави детали за средбата Трамп-Путин

Објавено пред

Од

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката Каролин Ливит на прес-конференција изјави дека Трамп ќе отпатува за Енкориџ во петок наутро. Средбата ќе биде еден на еден, додаде таа.

Ливит додаде дека средбата ќе биде „вежба за слушање“ за претседателот Трамп. Таа наговести дека има планови Трамп да ја посети Русија во иднина.

Кремљ и Белата куќа претходно објавија дека Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска на 15 август.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека самитот е „лична победа“ за Путин. „Прво, тој (Путин) ќе има состанок на американска почва, што го сметам за негова лична победа“, им рече Зеленски на новинарите, додавајќи дека состанокот ќе го извади рускиот претседател од „изолација“ и ќе ги одложи можните санкции на САД против Москва.

Ливит појасни дека Трамп се надева на трилатерален состанок со Зеленски во иднина.

Одговарајќи на новинарските прашања за тоа зошто Володимир Зеленски не беше поканет на разговорите, Ливит истакна дека состанокот се одржал на барање на руската страна.

„Овој состанок се случи затоа што претседателот на Русија го замоли претседателот на Соединетите Американски Држави да се сретне преку неговиот специјален претставник, Стив Виткоф“, рече таа.

Таа нагласи дека Трамп ја прифатил поканата токму врз основа на таа иницијатива. „Претседателот се согласува со овој состанок на барање на претседателот Путин“, додаде Ливит. Според портпаролката, примарната цел на состанокот е Трамп и Путин да си заминат „со подобро разбирање за тоа како може да се заврши оваа војна“.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Објавено пред

Од

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Објавено пред

Од

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во Украина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, според The Kyiv Independent.

dobivaj vesti na viber

Објавата доаѓа пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, закажан за 15 август во Алјаска. Лидерите на ЕУ и украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да присуствуваат на состанокот, но се очекува да одржат онлајн разговори со Трамп на 13 август.

„Додека Русија не се согласи на целосно и безусловно примирје, не треба ни да разговараме за никакви отстапки“, рече Калас.

Таа ја нагласи важноста на редоследот на чекорите.

„Прво, безусловно примирје со силен систем за следење и солидни безбедносни гаранции“, рече таа, додавајќи дека ќе „работи на 19-тиот пакет санкции“.

Претходниот, 18-ти пакет санкции беше одобрен од ЕУ на 18 јули, опишувајќи го како „еден од најсилните“ досега. Пакетот ја намали ценовната граница на руската нафта од 60 долари на 47,60 долари за барел и беше насочен кон повеќе од 100 бродови од таканаречената „флота во сенка“ на Русија. Мерките имаа за цел да ги потиснат приходите од извозот на фосилни горива, клучен извор на финансирање за војната во Украина.

И покрај мерките, Русија не презеде никакви чекори кон завршување на војната и продолжува со својата офанзива по целиот фронт. Три рунди директни разговори меѓу Украина и Русија, како и мировните напори предводени од САД, досега не успеаја да ги доближат страните до решение.

Во меѓувреме, европските лидери изразуваат загриженост дека би можеле да бидат маргинализирани пред претстојниот самит Трамп-Путин, како што објави „Њујорк тајмс“.

Во заедничка изјава на 10 август, лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска ја поздравија иницијативата на Трамп, но забележаа дека „дипломатското решение мора да ги заштити виталните безбедносни интереси и на Украина и на Европа“. Нордиските и балтичките лидери, исто така, нагласија дека преговорите „можат да се одвиваат само во контекст на прекин на огнот“ и дека „патот кон мирот не може да се трасира без гласот на Украина“.

„Нема одлуки за Украина без Украина и нема одлуки за Европа без Европа“, се вели во соопштението, ветувајќи континуирана поддршка за Киев и порака дека Русија мора постојано да биде под притисок да ја прекине војната.

Експертите веруваат дека набрзина организираниот самит веројатно нема да ги зближи Трамп, Путин и Зеленски поради нивните спротивставени цели. Самиот Трамп вчера им рече на новинарите: „На крајот од таа средба, веројатно во првите две минути, точно ќе знам дали може да се постигне договор“.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Белата куќа објави детали за средбата Трамп-Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 час

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија3 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет5 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ8 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ8 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион9 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија10 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија10 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија10 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион11 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија12 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија13 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ13 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет13 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија14 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет15 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава16 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија16 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија1 ден

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...