Црна хроника
Уапсен 36-годишник од Гостивар: при претрес на неговиот дом пронајдена дрога
Денеска во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Д.М. од Гостивар.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје
Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри во поранешниот директор на „Охис“ Јорго Ќука кој со својот велосипед во тој момент се наоѓал на пешачки премин.
На осомничениот, кој има македонско и српско државјанство, му се одземени двете патни исправи и возачката дозвола, а му е изречена и забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган.
Обвинителството соопшти дека возачот управувал со неприлагодена брзина и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Пристигнувајќи на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, удрил во велосипедот управуван од Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот, Ќука се здобил со тешки повреди и подоцна починал.
Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз малолетната поќерка
Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

