Црна хроника
Фатени малолетници кои со автоматска пушка пукале кон куќа во Тетово

Полицијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во селото Гајре, приведе двајца малолетници за пукањето што се случи во понеделникот.
„На 26 мај околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“, соопшти МВР.
Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(30) од Скопје, прегазил на стапало полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Притоа, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.
Извршен е увид, соопшти полицијата.
Црна хроника
Двегодишно дете прегазено од електричен тротинет во паркот „Тоше Проески“

Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје.
По случката лицето што управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведено едно лице

Вчера во 13.50 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Б.М. од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.