Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип, расчистено разбојништвото
Вчера во 16.00 часот на улицата „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода 23-годишната Џ.С. од Кочани, извести МВР.
„Таа се сомничи дека на 15.05.2024 извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи“, соопшти МВР.
Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово
Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство, а се претпоставува дека е од Првата светска војна, веднаш потоа беше преземена од страна на пиротехничар од ДЗС Берово за негово уништување.
„Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно зашто е стапено во контакт со полицијата и сепак е несоодветна од безбедносен аспект. Поради своја безбедност и на околината, граѓаните треба да постапуваат во согласност со безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку, едноставно, да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно и за нив и за сите во нивната околина“, соопштуваат од ЦУК.
Црна хроника
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
Денеска, во 1.10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 36-годишниот Д. А. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на казната.