Берзи
Австралискиот долар падна на најниско ниво во последните две и пол години, франкот и јенот остварија добивка

Австралискиот долар падна на најниско ниво во повеќе од две и пол години поради доминацијата на стравувањата во врска со ескалацијата на трговскиот судир меѓу САД и Кина, а валутите, кои се сметаат за сигурни, како што се франкот и јенот, остварија добивка.
Меѓу валутите на развиените земји, австралискиот долар падна повеќе од половина процент паѓајќи на најниско ниво од февруари 2016 година, на 0,7138 во однос на американскиот долар, поради стравување дека ескалацијата на трговскиот спор ќе ги погоди извозно-ориентираните економии, како што е Австралија, на која Кина ѝ е најголем трговски партнер.
Јуанот беше релативно стабилен во тргувањето во Хонгконг бидејќи растот на трошоците на кредитите ги одврати трговците со кратки позиции од продажба на кинеската валута.
Британската фунта се зголеми во петокот кога главниот преговарач на Европската Унија, Мишел Барние, рече дека ЕУ е отворена за да разговараат за други проблеми кои се јавуваат во однос на брегзитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи
Еврото ослабе во однос на доларот

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.
Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.
Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.
Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.
Берзи
Европските берзи бележат драстичен пад

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.
Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.
Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.
На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.
Берзи
Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.
Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.
Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.
Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.
Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?