Контакт

Економија

Ангеловска од Самитот на ЕБОР: Развој на платформа за размена на добри искуства, политики и проекти меѓу земјите

Објавено пред

Да се развие платформа за споделување знаење, каде што сите земји ќе можат да ги видат најдобрите практики од други земји. На овој начин земјите ќе можат да учат од најдобрите искуства, а владите да носат политики кои се засноваат на докази и претходно искуство. Ова било дискутирано на средбата помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска, и ИКТ-тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која се случила на маргините на Инвестицискиот самит на земјите од Западен Балкан во Лондон.

„На состанокот со ИКТ-тимот на ЕБОР зборувавме за една иницијатива која неодамна им ја предложивме, а тоа е да се развие платформа за споделување знаење каде сите земји ќе можат да ги видат најдобрите практики од другите земји. Ако сакаме, на пример, да инвестираме во ИКТ-технологии или дигитализација, или други сектори и индустрии, преку платформата би можеле буквално да провериме како другите земји, односно успешните примери го направиле тоа и да го земеме и аплицираме во нашата земја. Разговаравме и на едно место да се претстават сите проекти кои ЕБОР ги има во регионот и другите земји, што би придонело владите да креираат политики засновани на докази и да носат информирани одлуки. Светот се движи пребрзо, има земји за кои сме слушнале дека се успешни примери, на пример Естонија во делот на дигитализација, Израел во технологија, но има и многу успешни примери кои не ги знаеме, а заслужуваат и може да ги имплементираме и да разменуваме знаење“, вели Ангеловска.

Инаку, министерката за финансии беше дел од македонската делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски, а во која беше и министерот за економија, Крешник Бектеши, која учествуваше на Инвестицискиот самит на земјите од Западен Балкан на ЕБОР во Лондон. На Самитот беше разговарано за приоритетни проекти каде ќе се инвестира во регионот. Согласно Стратешката рамка за инвестиции на ЕБОР за регионот 2019- 2024 година, трите главни приоритети се: зголемување на конкурентноста и развојот на вештини, интегративните процеси за соработка помеѓу земјите и зелена економија со инвестиции во обновливи извори, енергетика итн.

Европската банка за обнова и развој е посветен партнер на земјава од 1993 година. Во изминатите години има вкупно 124 проекти кои се поддржани и финансирани од Европската банка за обнова и развој со вкупна вредност од околу 2 милијарди евра. Најголем дел од нив, или околу 83%, се во јавниот сектор, додека останатите се во поддршка на приватниот сектор. Активното портфолио изнесува околу 800 милиони евра, од кои најголемиот дел се инвестиции во патна, железничка инфраструктура, додека втор сектор по значајност или по обем на инвестиции е енергетиката.

Економија

Ангеловска: Работиме на зголемување на бројот на општините за чии услуги граѓаните ќе плаќаат со картичка

Објавено пред

Ковид-19 нуди можност за побрза транзиција од кога било кон безготовинско општество, која треба да ја искористиме, смета министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Како што напиша таа на својот фејсбук-профил, за да се искористи можноста, сите треба да го дадат својот придонес – Владата, банките, граѓаните, компаниите, стопанските комори, но и општините – за подобри и поквалитетни услуги за граѓаните.

Ангеловска објаснува дека во Министерство за финансии направиле мапирање на состојбата во општините и можностите за плаќање со картичка на нивните услуги што им ги даваат на граѓаните.

„Од 66 општини, кои одговорија, 41 имаат ПОС-терминал за плаќање со картички. На месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС-терминалите (173 од општина). Општини со најмногу трансакции и промет на ПОС-терминали се општина Штип и општина Прилеп (кои прават над 40 % од вкупниот реализиран промет од јануари 2019 до мај 2020)“, пишува Ангеловска.

Таа посочува дека врз основа на таа анализа биле дадени и усвоени препораки кон Министерство за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и општините – да дадат придонес кон зголемување на бројот на општини што ќе воведат ПОС-терминал за безготовински плаќања.

„Предлагаме и годишен натпревар помѓеу општините – иницијатива за наградување на општината која ќе биде лидер во безготовински плаќања со грант-средства за капитален проект, кој им е најпотребен на граѓаните“, објасни министерката на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: За 10 месеци, донесени се 38 мерки и проекти за подобрување на стандардот

Објавено пред

Обезбедување над 300 милиони евра за крупни капитални проекти, како „Пречистителна станица Скопје“, „Локални патишта“, „Проект за наводнување“ и „Енергетски ефикасни студентски домови“, поврат на над 600 милиони евра на ДДВ кон компаниите и 11 милиони кон граѓаните, мерка за покачување на платите, учество во дијанирање и спроведување на трите пакети антикризни мерки, дебирократизација на работењето, активности кон зголемување на транспарентноста, дигитализација и намалување на сивата економија, се дел од 38-те проекти и мерки што министерката за финансии, Нина Ангеловска, ги наброја во своето видеообраќање за сработеното досега во Министерството за финансии.

Таа посочува дека во изминатиот период се донесени мерки со кои се подобрува стандардот на граѓаните.

„Донесовме буџет ‘Инвестираме во човечки капитал’ – во кој вградивме поголеми плати за здравствените работници од 5 до -25 % и за просветните работници 10 %, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор… Овозможивме 120.000 вработени во 20.000 фирми да имаат покачени плати со мерката за субвенционирање покачување на платите“, вели Ангеловска.

Во контекст на кризата од Ковид-19, министерката за финансии посочува дека таа донела уште потурбулентен период и поголеми предизвици за неа и нејзиниот тим.

„Придонесовме во креирањето и имплементирањето три сета економски мерки за справување со ковид-кризата/домашни платежни картички, ваучери за туризам, ваучери за студенти за ИТ-вештини и многубројни мерки за поддршка за стопанството… Ја донесовме мерката за финансиска поддршка за исплата на плати 14.500 денари за вработен, која одржа над 140.000 работни места во кризата. Како антикризна мерка го ослободивме стопанството од аконтации од данокот на добивка и данокот на личен доход од март до јули. Овозможивме одложување на ратите на кредитите на граѓаните и помали рати за најмалку 70 % кај финансиските друштва. Пуштивме 13,7 милиони евра бескаматни кредитни линии преку Развојната банка, кои им помогнаа на над 1.500 компании“, вели Ангеловска во обраќањето.

Ангеловска посочува и дека преку нови алатки е зголемена значително транспарентноста.

„Значајно ја зголемивме транспарентноста – отворивме нова алатка капитални расходи за сите да ја следат реализацијата за сите институции. Го отворивме трезорот на државата за јавноста со алатката ‘Отворени финансии’. Лансиравме и трета алатка и покажавме пример за поинаква борба со лажните вести и како нешто деструктивно може да прерасне во нешто конструктивно – со јавен долг – и ѝ дадовме на јавноста разбирлива и точна информација за јавниот долг“, вели Ангеловска.

Прикажи повеќе...

Економија

Изборите во САД и трговските војни ги зголемуваат ризиците за руската економија

Објавено пред

Последиците од изборите во САД закажани за 3 ноември 2020 година и трговската војна меѓу САД и Кина може негативно да влијаат на руската економија, тврдат експерти интервјуирани од ТАСС.

„Од една страна, руската економија може да се соочи со негативно влијание од економските турбуленции, а од друга страна, забавување на глобалната економија и последователно намалување на побарувачката на суровини како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина“, изјави Георги Остапкович, директорот на HSE Centre for Business Tendencies Studies.

Професорт Сергеј Кестанов од Катедрата за берзи и финансиски инженеринг при РАНЕПА смета дека е веројатно оти САД ќе се обидат да ги заострат трговските ограничувања против Кина за време на трката за претседателските избори, што, според него, ќе ја намали глобалната побарувачка на суровини.

„САД се приближуваат кон претседателските избори во услови на значителен економски пад и силна поларизација на општеството. Сите акутни политички прашања стануваат предмет на предизборната дебата. Наспроти ова, се обидуваат да ги заострат трговските ограничувања против Кина. За Русија, ова е негативен фактор бидејќи ќе доведе до намалување на трговијата меѓу САД и Кина, и , како резултат на тоа, намалување на глобалната побарувачка за суровини“, рече тој.

Според Кестанов, дополнителниот фактор на ризик е поврзан со можното заострување на антируските санкции, што е многу веројатно ако на изборите победи кандидатот од Демократската партија.

„Сепак, какви било ефекти не треба да се очекуваат до почетокот на 2021 година, кога новоизбраниот претседател ќе ја преземе функцијата и ќе формира нова администрација“, рече тој.

Геополитичките ризици за руската економија повторно се појавуваат, изјави шефот на аналитичкиот оддел во „Зенит банка“, Владимир Евстифеев.

„Победа на кандидатот од Демократската партија на претседателските избори во САД би наметнала зголемени ризици од санкции. Џо Бајден веќе зборува за построга надворешна политика кон Русија“, тврди Евстифеев, според кој главниот ризик се можните санкции од САД наметнати врз јавниот долг на рубљата.

Експертите се согласуваат дека за Русија е корисно да се развијат големи економии – САД, Кина и ЕУ.

„Слабеењето на кинеската економија како резултат на несогласувањата со САД ќе доведе до намалување на побарувачката за руски извоз“, рече Евстифеев.

„Ако економијата се развие, ќе има зголемување на побарувачката за гориво. Поволно е за Русија да се развиваат економиите во САД, Кина и ЕУ“, се согласи Остапкович.

Според Дмитриј Космодемијански, менаџер во „Откритие“, неутралноста на Русија во односите меѓу САД и Кина може да ѝ помогне на руската економија.

„Постојат многу примери на придобивки поради немешање во голем конфликт. Сепак, во услови  на тешко економско реструктуирање поради глобалниот карантин, можеби нема да го забележиме овој ефект во  растот на БДП“, смета тој.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот Едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Регион1 час

(Видео) Солзавец и димни бомби на протестите во Грција

Грчката полиција синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале пред Парламентот за да изразат незадоволство од...

Свет2 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздух, но...

Македонија3 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија3 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија3 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија14 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија14 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија16 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија17 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија18 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ19 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија20 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет21 час

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион21 час

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион23 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет24 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ1 ден

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија1 ден

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Досие