Економија
Ангеловска: Работиме на зголемување на бројот на општините за чии услуги граѓаните ќе плаќаат со картичка

Ковид-19 нуди можност за побрза транзиција од кога било кон безготовинско општество, која треба да ја искористиме, смета министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Како што напиша таа на својот фејсбук-профил, за да се искористи можноста, сите треба да го дадат својот придонес – Владата, банките, граѓаните, компаниите, стопанските комори, но и општините – за подобри и поквалитетни услуги за граѓаните.
Ангеловска објаснува дека во Министерство за финансии направиле мапирање на состојбата во општините и можностите за плаќање со картичка на нивните услуги што им ги даваат на граѓаните.
„Од 66 општини, кои одговорија, 41 имаат ПОС-терминал за плаќање со картички. На месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС-терминалите (173 од општина). Општини со најмногу трансакции и промет на ПОС-терминали се општина Штип и општина Прилеп (кои прават над 40 % од вкупниот реализиран промет од јануари 2019 до мај 2020)“, пишува Ангеловска.
Таа посочува дека врз основа на таа анализа биле дадени и усвоени препораки кон Министерство за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и општините – да дадат придонес кон зголемување на бројот на општини што ќе воведат ПОС-терминал за безготовински плаќања.
„Предлагаме и годишен натпревар помѓеу општините – иницијатива за наградување на општината која ќе биде лидер во безготовински плаќања со грант-средства за капитален проект, кој им е најпотребен на граѓаните“, објасни министерката на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.