Економија
Ајде во „Нептун“ – има големи новогодишни попусти на целиот асортиман и до 60 рати без камата на цените со попуст!

HAPPY WEEK акција во Нептун со големи новогодишни попусти на целиот асортиман и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Само од 24-31 декември, до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти. Ајде во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за акцијата Happy Week, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.
Овие празници прославете одговорно и безбедно со семејството со нови апарати за домаќинство! Во Нептун може да најдете одлични подароци за вашите најблиски и за вас. Подновете се од најголемиот избор на модерни ултра HD смарт телевизори, со нови ИТ уреди за беспрекорна онлајн работа, настава или пак забава. Подарете смартфони од најпознатите светски брендови кои може да ги најдете по најповолни цени во Нептун продавниците и да платите на рати без камата. Подарете си и нови уреди од бела техника за полесно и поекономично функционирање на домот. Претворете ја кујната во ваше омилено место со нов фрижидер, нова плотна, фурна и аспиратор, машина за садови. А по супер цени може да набавите и уреди за чист и уреден дом, убедливо најдобриот избор на машини за перење, сушење, пегли, правосмукалки е во Нептун продавниците.
Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.
„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бесими-Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада.
На средбата, министерот за финансии ја запозна амбасадорката со концептот на СМАРТ финансии, во насока на зајакнување на планирањето, како и следењето на реализацијата на мерките кои се преземаат и нивниот импакт врз економијата и општеството. Министерот ги претстави и реформите кои се прават од аспект на буџетот и неговото извршување, како и Интегрираниот систем на управувањето со финансиите – ИФМИС.
На средбата стана збор и за изменувањето на Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал со Швајцарија со Протокол, согласно правилата на ОЕЦД, во насока на зајакнување на одредбите од постојната спогодба, фер даночен третман и поголема даночна транспарентност.
Министерот и амбасадорката дискутираа и за досегашната соработка помеѓу двете земји на економски план, како и искуствата за справување со последиците предизвикани од пандемијата Covid-19. Министерот за финансии посочи дека очекувањата за нашата економија за годинава се стабилизација и закрепнување. Преземените антикризни мерки и мерките кои допрва ќе се преземаат ќе придонесат за тоа, а се очекува и со слабеењето на кризата, довербата на инвеститорите да расте, како и забрзување на економската активност во целина.
Швајцарија е наш партнер за реформските процеси во земјава во областите на транспорт, животна средина, економски развој и демократско управување преку голем број на проекти кои се реализираат и кои допрва ќе се реализираат во земјава. Беше изразена подготвеност за поддршка на нови проекти кои ќе придонесат за подобрувањето на стандардот и демократско владеење.
Економија
(Видео) Маркоска: Исплатени околу 48 милиони евра за поддршка на плати во последниот квартал

Во последниот кавртал од 2020 речиси 48 милиони евра се исплатени за поддршка на исплата на плати, информираше на прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
Таа вели дека и во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажала дека се грижи и застанува зад секој поеднец и компанија која има потреба од помош.
„1,2 милијарди евра преку четири пакети економски мерки завршија директно кај граѓаните, кај компаниите. Една од најзначајните мерки од овие пакети е финансиската поддршка за исплата на плати за работниците вработени во компании погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Со оваа мерка спасивме стотици илјади работни места и помогнавме десетици илјади компании. Според јавно објавените податоци, во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари, односно близу 48 милиони евра. Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании. Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени“, рече Маркоска.
Како што најави, во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да почне наскоро со цел да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.
Економија
Туристичко-угостителската комора бара финансиска помош и протоколи за работа

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности кои се дефинирани во Националната класификација на дејности бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.
„Секторот угостителство се соочува со многу предизвици и отежнати услови за работа, како и со целосно отсуство на протоколи за голем број други дејности. Во такви околности потенцираме дека е неопходен континуитетот на економските мерки со цел задржување на работните места и на деловните субјекти. Со изминување на месец јануари, а во недостиг на петтиот пакет мерки кој се однесува на првиот квартал од 2021 година, повторно се доведуваме во состојба да бидеме оставени без финансиска поддршка, како што тоа се случи во неколку наврати и минатата година. Но овој пат секторот се наоѓа во многу потешка состојба поради што многу угостители ќе мора да ги затворат своите објекти, а континуирано напоменуваме дека тоа ќе се одрази штетно и на околу 30.000 вработени во овој сектор“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК и упати апел петтиот пакет на економски мерки да се донесе во најкус можен рок и да се направи обид мерките да се ефектуираат од месец јануари.
Најголем број угостители се придржуваат до мерките за заштита од ширење на пандемија кои Владата ги носи по препорака на Комисијата за заразни болести. Но и покрај тоа во месеците март, август и септември минатата година секторот сам се снаоѓаше бидејќи немаше континуитет во обезбедување на економските мерки за поддршка, велат од Комората.
Исто така, како што додаваат, од 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор само 132 добиле комбинирана помош, односно поддршка за исплатата на плати и неповратна финансиска помош во форма на грант за покривање на другите трошоци. Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добиле помош само за исплата на плати на вработените, додека за другите трошоци во услови на значително намалена деловна активност самостојно обезбедувале средства 11 месеци.
ТУК ги охрабрува надлежните институции јавно да ги објават податоците за искористеност на средства од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти така и во апсолутни суми за да може да се добие реална слика за димензијата на поддршката што се дава и очекувањата во наредниот период.
„Важна активност која очекуваме да се завршени од надлежните институции и од која ќе зависи одржување на дел од дејностите е и подготвувањето на прецизни протоколи за работа кои би можеле да најдат соодветна примена и за друга следна состојба. Иако речиси една година како е прогласена пандемијата ние сè уште немаме протоколи за најголем број од дејностите. Во таа група се и рестораните за прослави и клубовите кои се затворени повеќе од 300 денови и за кои се уште нема никаков протокол за работа. Поради оваа состојба не само што сега не може да се реализираат деловни активности, туку не може ниту се прават планови и проекции за наредниот период. Поради целокупната ситуација станува прашање на недели кога ќе почнат да згаснуваат угостителски објекти поради наталожените долгови, а со тоа ќе се зголемува и бројот на оние кои ќе останат без егзистенција“, изјави Ангеловски.
Тој истакна и дека ТУК активно ги следи и глобалните случувања во секторот.
„Се надеваме дека во наредниов период кој е исклучително тежок и чувствителен за угостителството, нема да се дозволи целата мака, солидарност и пожртвуваност која се покажа од огромен број луѓе, да биде без цел. Ја охрабруваме Владата, за поголема ажурност и свесност за проблемите во кои се наоѓа овој сектор, затоа што на крајот, тие проблеми се заеднички и доколку соодветно, навремено и до крај не се решат, последиците ќе бидат долгорочни и ќе погодат голем број граѓани. Иако угостителството во моментот е еден од најпосакуваните дејности, може да се спаси, ако сите бидат на висина на задачата“, истакна Ангеловски.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот