Економија
„Пошта“ отвори сопствена електронска продавница

Од денес е активна www.postashop.mk – првата електронска продавница на АД „Пошта на Северна Македонија“. Потрошувачите во моментот може да изберат помеѓу повеќе од 60 артикли на повеќе домашни и странски брендови, информираат од оваа институција.
„Онлајн-трговијата е во постојан подем насекаде во светот, а особено изминатава година кога сите сме соочени со ризиците предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Официјалните податоци покажуваат раст од 135 отсто од вредноста на реализирани онлајн-трансакции кон македонски онлајн-продажни места во 2020 година во споредба со минатата 2019. Тоа е потенцијал што ние како ‘Пошта’ планираме целосно да го искористиме, а новата платформа е само почеток во новитетите што ги предвидуваме во оваа насока“, посочи Јани Макрадули, генерален директор на „Пошта“.
Од компанијата велат дека „Пошта шоп“ е шанса за сите, особено за малите компании да имаат e-платформа, а за сите филателисти платформата нуди и можност за купување поштенски марки. Доставата се врши како експресна пратка преку ЕМС-службата, а рокот за достава е 24 часа во Скопје и 48 часа во целата република не сметајќи го денот на прием на нарачката.
„Уште 10 нови производи следните денови ќе станат дел од понудата на нашата онлајн-продавница, а во завршна фаза само во моментот се и 7 договори што ‘Пошта’ ги склучува со нови соработници. Продолжуваме со силно темпо да ги следиме и воведуваме сите меѓународни трендови, а со тоа и да го трасираме патот на ‘Пошта’ да стане клучен доставувач во домашниот пакетски сообраќај“, истакна Макрадули.
„Пошта“ во текот на минатиот месец ја обнови и можноста за вршење услуги од платниот промет во над 300 поштенски единици во целата земја, со што ја збогати својата палета на услуги за потрошувачите придонесувајќи за намалување на метежот пред банките за наплата на сметки, како и правејќи ја оваа услуга достапна и во места каде што граѓаните и компаниите немаат алтернативен начин за вршење вакви услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.