Контакт

Економија

Бабовски: Земјоделците ги добија „зелените картички“, наточено е гориво од 14,5 милиони денари

Објавено пред

За помалку од еден месец земјоделците ги добија „зелените картички“, со што досега е наточено гориво во вредност од 14,5 милиони денари. Ова го изјави денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој беше во посета на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Кавадарци, каде што ги подели картичките за „зелена нафта” на земјоделците од овој регион.

Во Кавадарци вкупно се поделија 5.974 картички за зелена нафта, со вкупен износ од околу 15 милиони денари.

„Овие картички поделени во Кавадарци се еден добар износ на средства кој ќе дојде кај земјоделците, и кога се очекува да почне бербата на грозјето за земјоделската механизација оваа сума ќе биде добредојдена за земјоделците. Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо. Денеска во Кавадарци сме на крајот на процесот на доставување на изработени картички, и тоа се случува за многу краток рок за 20-тина дена. Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картички. Според последните информации од економскиот оператор, за само 20-тина дена веќе се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво“, изјави директорот на Платежната агенција, Бабовски.

Со денешното доделување  картички финишира целиот процес на достава на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација до земјоделците. Од министерството информираат дека иако рокот бил 60 дена, целата процедура се завршила порано за речиси еден месец. Досега се поделени 50.465 картички со вкупна вредност од 128 милиони денари. Во следниот период ќе се доделат и картичките на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.

Мерката за субвенционирана нафта, за првпат се воведува од оваа година со цел да се олесни производството на земјоделците. Оваа мерка се очекува да придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата најави дека ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто.

Економија

(Видео) Мицкоски: Не е време за политика туку за спасување на економијата

Објавено пред

Оваа вонредна состојба и оваа епидемија не е политика, не е политички натпревар, не е анкети, не е избори и не е партиски интерес. Оваа епидемија е загрозување на здравјето и животите на граѓаните, нивната сигурност и нивната економска и социјална егзистенција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во делот на економијата, каде што со право се чувствуваме поискусни, со експертиза од претходни успешни економски политики и третирање на економски кризи, но и со човечкиот капацитет кој го имаме во нашата партија, сакам да и порачам на Владата: доста со политика и инает. Престанете со политика и не правете политика од се и сешто. Ве молам послушајте што ние, професорите, синдикатите и коморите ви говориме. Веќе кажавме дека досегашните мерки на Владата се задоцнети, нецелосни, нефер спрема сите компании и граѓани, во одредена мера збунувачки и нема да го дадат посакуваниот, а и возможен ефект“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека пред некој ден партијата најавила дека поднесе уредба со законска сила со која ќе се овозможи компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно највеќе до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година.

„И оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај. И ваквите предлози се она што ние можеме да го направиме во овој момент од позиција на опозиција во државата. Да се понудиме искрено да ја подадеме нашата рака. Но воедно чувствувам и должност да соопштам дека иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи г. Наќе Чулев. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија за истата“, рече Мицкоски.

Тој предложи: средствата кои што работодавачите за вработените ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, под итно дел од нив ако не и сите да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи, потоа интензивирање на капиталните инвестиции и веднаш да се отвори дискусија и дебата со претходните заемодаватели и комерцијални банки кои што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Каевски: Помош од 14.500 денари за спортистите и спортските работници

Објавено пред

Директна помош од 14.500 денари за месеците април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници, со цел да се зачуваат нивните работни места и олеснување на работниот процес во кризни времиња, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски кој информираше за донесената уредба со законска сила на Владата со која се утврдува исплаќање на финансиска поддршка за спортистите, стручни лица и спортска администрација.

„Оваа финансиска поддршка се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија и се исплаќа врз основа на статус на вработен или ангажиран со договор на лице во клубови и национални спортски федерации, кои имаат решение за вршење дејност спорт. 14.500 денари помош од АМС за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно имаат регистрирано минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови“, објасни Каевски.

Сите лица кои спаѓаат во оваа категорија е потребно до 15 април 2020 година, да достават барање за исплаќање на финансиска поддршка по електронски пат до Националната спортска федерација, а потоа Националните спортски федерации во рок од 7 дена ги доставуваат барањата со потребната документација до Агенцијата за млади и спорт.
Формуларот на барањето, уредбата за финансиска поддршка и целокупниот процес ќе биде објавен на веб страната и јавните гласила на Агенција за млади и спорт и Националните спортски федерации.

Покрај оваа мерка, која овозможува директна поддршка на спортистите и спортските работници, креиран е дополнителен пакет мерки со кои се олеснува работата и функционирањето на клубовите во оваа состојба.

Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди финансиски средства за реализација на Националниот спортски систем на сите Национални спортски федерации по завршувањето на кризата до крајот на 2020 година и ќе ги финансира програмите на индивидуалните врвни спортисти на олимписките спортови, односно тренажниот и натпреварувачкиот процес за 2020 година.

Во соработка со федерациите, Агенцијата за млади и спорт ќе ги ослободи клубовите за плаќање годишна членарина или котизација, што клубовите имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година.

Директорот Каевски најави дека Агенцијата за млади и спорт ќе поднесе предлог до Владата за 50 отсто намалување на цените на услугите на спортските објекти кои што се во надлежност на институциите, како и препорака за истиот принцип на функционирање до општините и локалната самоуправа.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕК ги укина царините и даноците за увоз на медицинска опрема

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) ги прифати барањата од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) и од Велика Британија да го суспендира данокот на додадена вредност (ДДВ) и царинските давачки за увоз на медицински помагала и заштитни средства за сузбивање на пандемијата на коронавирус.

„Во наредните шест месеци нема да се наплатуваат никакви давачки или ДДВ за заштитни маски, тестови и респиратори“, одлучи ЕК.

Одлуката ќе важи ретроактивно до 30 јануари, а укинувањето може да се продолжи по шест месеци.

„Со суспендирање на ДДВ-то и царините за увоз на овие производи од земји кои не се членки на ЕУ, Комисијата ќе ги направи подостапни“, рече еврокомесарот за економија, Паоло Гентилони.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Свет6 часа

(Видео) Британската кралица: Ја разбирам вашата болка и тага, заедно ќе ја надминеме кризата

Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти...

Свет6 часа

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар за време на пандемијата

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој инаку е доктор по професија, повторно се пријави за лекарска пракса и ќе работи една...

Македонија11 час

Кумановец починал во Градската болница „8 Септември“, Филипче најави зајакнување на мерките

Освен 63-годишното лице од Лабуништа, кое починало на Инфективната клиника како последица на коронавирусот, во последниве 24 часа уште едно...

Македонија13 часа

Се очекува пикот на коронавирусот, Куманово засега е најкритично

Бројот на заболени од коронавирусот очекувано расте, иако големо изненадување е Куманово, град кој во изминативе 24 часа ја надмина...

Македонија13 часа

Еден пациент почина, 73 новозаболени и тројца излекувани од коронавирус

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои најголемиот број во Куманово. По градови:...

Македонија13 часа

Јованоски: Во Прилеп 33 случаи на коронавирус, во Крушево два

Бројот на лица инфицирани со коронавирусот во општина Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени девет нови случаи,...

Свет15 часа

Сперанца: Кризата ќе заврши само кога ќе се најде вакцината, дотогаш треба да се создадат услови за соживот со вирусот

Италијанската влада подготвува план од пет точки за контролирано отворање на земјата кога епидемијата на коронавирусот ќе почне да покажува...

Регион16 часа

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп откако е потврдено дека еден 53-годишен маж е позитивен на коронавирус. Авганистанецот...

Македонија16 часа

МТСП: Породилното отсуство се продолжува

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување...

Македонија17 часа

(Видео) Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет17 часа

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет18 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија1 ден

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион1 ден

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа1 ден

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија1 ден

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија1 ден

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија1 ден

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет2 дена

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Досие