Контакт

Економија

Бабовски: На располагање се нови средства за сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици

Објавено пред

Сите сточари кои во период од 1- ви октоври до 31- ви декември 2019 година, набвиле педигрирани, хибридни чистокрвни свиња и пчелини матици од одобрени одгледувалишта, ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка, имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Бабовски, појаснува дека ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-Инвестицијата ја реализирал млад земјоделец. За оваа категорија баратели, кофинансирањето изнесува 55%..
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кофинансирањето е до 60% ,
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец кофинансирањето е до 65% и
– инвестиции во недостапни рурални заедници се кофинансираат со 75% од средствата кои се прифатени. “ – посочува Бабовски.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Барателите на финансиска поддршка, потребно е да креираат електронско барање за исплата. Со бараните податоци да ги прикачат и задолжителните електронски документи. Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година., уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0220-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Краен рок за достава на барањата е 15.07.2020 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.
• Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e–baranje.ipardpa.gov.mk
• Барањата кои не поднесени електронски на e–baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Економија

Голема победа за „Епл“, не мора да ѝ плати 13 милијарди евра данок на Ирска

Објавено пред

„Епл“ ја доби судската битка со Европската комисија.

Тие се жалеа против пресудата на Европската комисија дека на Ирска ѝ должат 13 милијарди евра данок.

Вториот највисок суд на Европската Унија пресуди дека Комисијата не докажала дека компанијата добила нелегална државна помош од Ирска преку поволни договори за даноци.

Во 2016 година, Европската комисија откри дека ирската влада му дала на „Епл“ незаконска предност.

Но, Ирска не сакала пари. Таа стана европска база за компании како „Епл“, „Гугл“ и „Фејсбук“ затоа што има една од најниските стапки на данок на добивка во Европа – така Ирска се здружи со „Епл“ и започна борбата против ЕК.

Портпаролот на „Епл“ изјави за „Си-ен-ен бизнис“ дека компанијата е задоволна од одлуката, тврдејќи дека случајот никогаш не бил за тоа колкав данок се плаќа, туку за тоа каде се плаќа.

„Горди сме што сме најголемите даночни обврзници во светот затоа што ја знаеме важната улога на плаќање данок во општеството. ‘Епл’ плати повеќе од 100 милијарди долари данок на добивка во светот во текот на последната деценија“, рече портпаролот.

Шефот на „Епл“, Тим Кук, изјави дека пресудата на ЕК не е заснована врз законот, туку дека тие имаат пик на „Епл“.

Одлуката ја поздрави и ирската влада, која рече дека „Епл“ никогаш не добил посебен третман.

Прикажи повеќе...

Економија

Интервју со Кирил Лазаров, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора

Објавено пред

1. ДАЛИ ВЕТУВАЊАТА НА ПАРТИИТЕ ИМААТ ПОДДРШКА И РАЗБИРАЊЕ ОД СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ОНА ШТО ЈАС МОЖАМ ДА ГО КАЖАМ Е ДЕКА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ СЕ ИЗМОРЕНИ ОД ИЗБОРИ. ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, БАРЕМ СО ОНИЕ ШТО ЈАС КОМУНИЦИРАМ ОД ПОЗИЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Е ДЕКА ВО НАШАТА ДРЖАВА ИМА МНОГУ ЧЕСТО ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ТОА Е ЛОШ СИГНАЛ ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БИДЕЈЌИ ТАА ОЧЕКУВА СТАБИЛНОСТ И ПРЕДВИДЛИВОСТ НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК, ПОГОТОВО КОГА СЕ НАЈАВУВААТ НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ПО ЕКОНОМИЈАТА ОД КОРОНА КРИЗАТА. ОНА ШТО Е ВАЖНО И КЛУЧНО Е ДЕКА ОНА ШТО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ВЕТИ ИЛИ ПАРТИИТЕ ШТО ГО ПЛАСИРААТ ВО СВОИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПРОГРАМИ, НИЕ КАКО СТОПАНСТВЕНИЦИ ТОА ГО АНАЛИЗИРАМЕ И ВРЗ БАЗА НА ТИЕ ВЕТУВАЊА И ПОЛИТИКИ НИЕ ЈА КРОИМЕ НАШАТА СТРАТЕГИЈА И ЧЕКОРИ. ЗАТОА Е ВАЖНО ТОА ШТО ЌЕ СЕ ВЕТИ, ТОА И ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ. И, ДА НЕ СЕ ПРЕКИНУВА СО ЧЕСТИ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ. ЗАТОА ШТО НЕ ПОСТОИ СЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР КОЈ ЌЕ САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО ПОЛИТИЧКО НЕСАТБИЛНО ПОДРАЧЈЕ. А , НАЈВАЖЕН МОМЕНТ БИ БИЛ ПОЛИТИКАТА ВООПШТО ДА НЕ СЕ МЕША ВО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА, ТУКУ ПОЛИТИКАТА ТРЕБА И МОРА ДА БИДЕ НАШ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР, АКО СЕ ИЗГРАДИ ТАКВА ВРСКА, ТОГАШ ДОВЕРБАТА ВО ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ БИДЕ НА НИВО ВО КОЕ НЕМА ДА БИДЕ ВАЖНО КОЈ ЌЕ БИДЕ НА ВЛАСТ. СЕКАКО ДЕКА НИЕ КАКО КОМОРА ИМАМЕ РАЗБИРАЊЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОГРАМИ, СЕКАКО ДЕКА СУГЕРИРАМЕ И ИДНИ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ВО ДЕЛОТ НА ДАНОЧНАТА И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИТИКА, И НИЕ ТОЧНО ЗНАЕМЕ КОЈ СЕ СТАТИСТИЧКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И ЗНАМЕ ШТО Е НЕРЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ И ЗАТОА ЧЕСТО ЗАМОЛУВАМЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ПОЛИТИКИ НА ЗДРАВА ЕКОНОМСКА ЛОГИКА И ВО ПАРТНЕРСТВО СО НАС.

2. КАКВИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ ИМАМЕ СО БУГАРИЈА, ПОСТОИ ЛИ МОЖНОСТ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ИДНИНА?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: МНОГУ Е ВАЖНО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ ДА СЕ ТЕМЕЛАТ НА ВАЗАЕМНА ДОВЕРБА, РАЗБИРАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА. ТАА АТМОСФЕРА СЕКАКО ЗАВИСИ И СЕ ГРАДИ НИЗ ПРИЗМА НА ЗАТВОРЕНИ ПОЛИТИЧКИ, ИСТОРИСКИ И БИЛО КАКВИ ДРУГИ ПРАШАЊА. ТОА Е СИГНАЛОТ КОИ ИНВИСТИТОРИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ. НИКОГАШ НИКОЈ НЕ БИ ИНВИСТИРАЛ АКО ИМА И САМО МАЛКУ АТМОСФЕРА НА БЛОКАДИ, КОНФИЛКТИ, КОРУПЦИЈА И СЛИЧНО. ОНА ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ВО СТРАТЕГИСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ Е ДА СЕ НАЈДЕ НАЧИН КАКО ОВИЕ ПРАШАЊА ДА СЕ ЗАТВОРАТ И ГО ОБРЕМЕНУВААТ ОПШТЕСТВОТО. ЗА ЖАЛ МОЖАМ ДА КОНСТАТИРАМ ДЕКА ПРПУШТИВМЕ ЕДЕН ЗНАЧАЕН ПЕРИОД НА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА. МНОГУ НИСКО НИВО ДО СЕГА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА КОЈА НЕ ПОВРЗУВА СО БУГАРИЈА. ОД НАША ПРЕПСЕКТИВА ТОА Е НАВИСТИНА ШТЕТА, БУГАРИЈА ИМА СИЛНИ ПРИСТАНИШТА И КОНЕЦИИ ПО МОРКИ ПАТ СО РУСИЈА, ТУРЦИЈА И ДРУГИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ ЗАРАДИ СТРАТЕГИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ЦРНОТО МОРЕ И ТОА БИ БИЛО ФАНТАСТИЧНО АКО МОЖЕ ПРЕКУ СОЛУН ИЛИ ДРАЧ ДА СЕ ПЛАСИРААТ ГОЛЕМИ КОНТИГЕНТИ НА СТОКИ, УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ. ТОА Е ИДНИНАТА, НЕКОИ ДРЖАВИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОМЕТРИ СЕ ОДАЛЕЧЕНИ ОД ТАКА НАРЕЧЕНИТЕ СТРАТЕШКИ ЕКОНОМСКИ КОРИДОРИ И ВЛОЖУВААТ МИЛИЈАРДИ И МИЛЈАРДИ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ, А НИЕ ОДЛЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ЕДНО ОД ДРУГИ НЕ УСПЕАВМЕ ДА СЕ ПОВРЗЕМЕ. И, ТОА Е ВАКА ЕДЕН СИГНАЛ ДО ИНВИСТИТОРИТЕ ДЕКА ТУКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРТИ КРУПЕН КАПИТАЛ.

3. ШТО Е ОНА ШТО ТРЕБА ВЛАДИТЕ И ДРЖАВИТЕ ДА НАПРАВАТ ЗА ПОГОЛЕМО ЕКОНОМСКО И ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ТУКА САКАМ ДА АПОСТРОФИРАМ ЕДЕН ВАЖЕН МОМЕНТ. ВЕДНАШ ШТОМ СТАНАВМЕ ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО, И ГИ ПОТПИШАВМЕ КАКО ДРЖАВА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА, ИНВИСТИТОРИТЕ И ВО РЕГИОНОТ И ВО СВЕТОТ ПОЧНАА ДА ЈА МУЛТИПЛИЦИРААТ КОМУНИКАЦИЈАТА СО НАС КАКО СТОПАНСКА КОМОРА. ОНА ШТО ОХРАБРУВА Е ШТО ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ЕВИДЕНТНО СЕ ИНВЕСТИРА ВО ИНФРАСТРУКТУРА И ЕКСПРЕСНО И ЖЕЛЕЗНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА. САКАМ САМО ДА ОБЈАСНАМ НА ПОЧИТУВАНИТЕ ЧИТАТЕЛИ, ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА ДАЛИ ПРЕКУ ЖЕЛЕЗНИЧКИ КОРИДОР ИЛИ АВТОПАТЕН ИЛИ ЕКСПРЕСЕН НЕ Е ПОВРЗУВАЊЕ САМО СО БУГАРИЈА, ТОГАШ СТРАТЕШКИ И МНОГУ БРЗО СЕ ПОВРЗУВАШ СО ЦРНОТО МОРЕ И СИТЕ ДРЖАВИ КОИ ГРАВИТИРААТ ОКОЛУ ЦРНО МОРЕ, НО И СО ТУРЦИЈА, РУСИЈА И ДР. НО, ТАКА ЈА ПОВРЗУВАШ И АЛБАНИЈА , КОСОВО, ЦРНА ГОРА , ПА И ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА СО МАКЕДОНИЈА, БИДЕЈЌИ ТИЕ САМО ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА СТИГНАТ БРЗО И ЕФИКАСНО АКО СЕ ИМА СООДВЕТНА ИНФРАСТРУКТУТА. ТПОА ЗНАЧИ ЗА НАС МНОГУ ПАРИ, КАПИТАЛ И ДВИЖЕЊЕ. ТУКА САКАМ И ДА ЈА ПЛАСИРАМ МОЖНОСТА ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ СО ПОСТОЕЧКИТЕ ГАСОВОДИ И НАФТОВОДИ СО БУАГРИЈА , РЕСУРСИ КОИ И ТЕ КАКО ПАК ЌЕ ПРАТАТ СИГНАЛИ КОН СЕРИОЗНИ ИГРАЧИ ВО БИЗНИСОТ НИЗ СВЕТОТ АКО ИМААТ ДОСТАПНОСТ ДО ЕФТИНА И ЧИСТА ЕНЕРГИЈА.

4. МОЖЕ ЛИ ДА НИ КАЖЕТЕ НИЗ БРОЈКИ КАКО ОДИ ЕКОНОМСКАТА РАЗМЕНА СО БУГАРИЈА, ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ЌЕ ДАДАМ САМО ЕДЕН КРАТОК ВОВЕД, ИМЕНО, ЕКОНОМСКИТЕ РЕЛАЦИИ ПРЕСТАВУВААТ НЕИЦРПЕНИ МОЖНОСТИ И ШАНСИ ЗА НАШИТЕ КОМПАНИИ. СОГЛАСНО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ОБЈАВЕНИ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, ОБЕМОТ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ЗА 2020 ГОДИНА БЕЛЕЖИ РАСТ ВО ИЗНОС ОД 108,4% СО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ. ВКУПНИОТ ОБЕМ НА ТРГОВСКА РАЗМЕНА Е 9 МИЛИЈАРДИ И 785 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ДОДЕКА ЗА ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ БИЛ 9. 024.882 ДЕНАРИ, А ИЗВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 102,8% СПОРЕДБЕНО СО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА, А УВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 113,3% СПОРЕДБЕНО СО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ. И, ЕДЕН МОШНЕ ВАЖЕН ПОДАТОК ВО ОДНОС НА КОРОНА КРИЗАТА, НАЈМАЛ ПАД ИМАМЕ ВО ТРГОВИЈАТА СО БУГАРИЈА ВО ОВИЕ МЕСЕЦИ. ЗАТОА Е ВАЖНО ДА СЕ СОЗДАВА ДОВЕРБА И ВЗАЕМНА СОРАБОТКА НА СЕКОЕ ПОЛЕ, БИДЕЈЌИ НА БИЗНИСОТ САМО ТОА МУ Е ВАЖНО. ОЧЕКУВАМ ВО ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ ЕДНА СЕРИОЗНА КОМПОЗИЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИИ ОД ПРИЈАТЕЛСКА БУГАРИЈА КОЈА ЌЕ ДАДЕ СЕРИОЗЕН ИНПУТ ВО РАСТОТ НА ВРАБОТУВАЊЕТО И НА РАСТОТ НА БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД.

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ ИМААТ НЕИСЦРПНА ЕКОНОМСКА ПРЕСПЕКТИВА

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Објавено пред

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ги врачи најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата.

Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.

Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот Opel Corsa е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година, а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4.

„Во специфични услови за сите нас го заокружуваме овој 25-ти Национален избор на Автомобил на годината во Македонија. Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива а наградите што ги доделува примамливи за секој производител. Заедно со импортерите на возила го подигнавме изборот на повисоко ниво и со транспарентни правила и критериуми ја продолжуваме традицијата почната уште од 1995 година. Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои се оценуваа според следниве шест критериуми:
– адекватност и понуда на домашниот пазар

– економичност и еколошка прифатливост

– безбедност и примена на технолошки достигнувања

– возни својства

– дизајн

– комфор и опременост

Секој член на Жирито имаше на располагање 120 бодови што требаше да ги распредели на моделите финалисти.

Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 модел што доби 81 бод.

Гласот од финалистите, импортерите кои учествуваа со сопствени автомобили во изборот, годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето.

„Благодарни сме за ова, за нас многу важно признание, кое годинава и припадна на новата Opel Corsa. Изборот на Автомобил на годината во Македонија е награда која нам исклучително многу ни значи, особено во ова време на неизвесност, кога сите на некој начин се одвикнавме од убави работи. Иако во една од најтешките години во автоиндустријата, со ова признание ставивме шлаг на тортата од сите награди кои ги доби новата Opel Corsa од својата премиера на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт во септември лани. Со најразличните награди и признанија кои таа ги доби, шестата генерација на Opel Corsa докажа дека е вистински автомобил за секого и уште еднаш покажа зошто е бестселер на брендот Opel уште од далечната 1982 година.

Во новата Corsa, сега Opel нуди технологии и системи за асистенција кои на купувачите вообичаено им се познати од повисоките класи на возила. Очигледно дека членовите на жиријата ширум светот тоа добро го препознале. Ја користам можноста уште еднаш да ви се заблагодарам што и вие направивте ваков избор“, вели Александар Мешков, регионалниот претставника на Opel за Македонија, Албанија и Косово.

Признанието за СУВ на годината годинава го доби моделот Toyota RAV4.

„Toyota Авто Центар како генерален застапник за Toyota во нашата земја изразува голема благодарност до националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија што ги препозна и ги потврди квалитетите на петтата генерација на RAV4 преку доделување на наградата “SUV на годината”. Оваа награда ќе биде уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а се уште не ја донеле својата одлука на избор, вели Ана Трајковска, маркетинг менаџерот на Тојота Ауто Центар.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија34 минути

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45,77 отсто. На 3.463 гласачки места до 19 часот гласале 830.370...

Македонија46 минути

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија2 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија4 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија4 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија4 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија5 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија7 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија7 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион7 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет8 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија9 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија11 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион12 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија13 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија13 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија14 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија21 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет23 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Досие