Економија
Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.
Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.
Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.
Економија
Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд и снег во Битолскиот Регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода предизвикаа застој во подготовките за поместување на лентите кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.
ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.
„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.
Економија
Усвоен годишниот план со мерки и програми за намалување на невработеноста

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема усвојувањето на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.
„Со Оперативниот план за вработување за 2021 во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување, како и креирање на ад хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на труд, предизвикана од пандемијата од Ковид-19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата“, се наведува во соопштението.
Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.
Таа додаде дека со оглед на успешноста на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување е зголемен за повеќе од четири пати во однос на минатата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира