Економија
Бектеши: Годинава доделени субвенции на 43 занаетчии и 4 занаетчиски комори во вредност од 4,4 милиони денари

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска им ги врачи договорите за кофинансирање проекти за поддршка на занаетчиството на четири занаетчиски комори. Се работи за проекти на занаетчиските комори на Скопје, Штип, Куманово и на Битола за проекти за развој и унапредување на занаетчиството за што вкупната вредност на сите четири грантови изнесува 707.000 денари.
Министерот Бектеши, по потпишувањето на договорите за грантови, истакна дека оваа година Министерството за економија, освен занаетчиските комори, поддржа рекорден број занаетчии за што преку мерките на Министерството за економија се реализирани 4,4 милиони денари за мерката субвенции за занаетчии.
„Како Министерство за економија уште еднаш покажуваме дека се грижиме за занаетчиството, кое е многу важна дејност во нашата држава. Радува фактот што предвидените средства за поддршка на занаетчиството во буџетот на Министерството за економија се целосно реализирани и 43 занаетчии добија субвенции и четири здруженија на занаетчии добија грантови за поддршка и развој на занаетчиството“, рече министерот Бектеши.
Тој информира дека со четвртиот пакет-мерки што го донесе Владата предвидени се дополнитени средства за поддршка на занаетчиите, а по донесувањето на ребалансот на буџетот, овие средсдтва ќе им бидат на располагање.
„Со мерките од четвртиот пакет се предвидени дополнителни 12 милиони денари за поддршка на занаетчиите за набавка на алат и опрема, а дополнително на тоа, знаетчиите може да ја користат мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, како и бескаматната кредитна линија на Равзојната банка на Северна Македонија, каде што Мнистерството кофинансира 60 милиони денари, а занаетчиите може аплицираат за бескаматни кредити до 5.000 евра за зголемување на својата ликвидност“, потенцира Бектеши.
Министерот додаде дека се работи на законските измени што ќе овозможат од 1 јануари в година намалување на ДДВ на занаетчиските услуги од 18 на 5 %.
Агрон Фазлии, претседател ан Занаетчиската комора на Куманово и воедно претседател на Занаетчиската комора на Македонија, му се заблагодари на Министерството за економија за тоа што занаетчиите биле вклучени во креирањето на сите мерки за поддршка на економијата од ковид-кризата.
„Занаетчиите добија поддршка во сите три пакет-мерки што ги донесе Владата, сега чекаме да се донесат законските измени за да почнат да се реализираат мерките од четвртиот пакет, каде што занаетчиите може да аплицираат по повеќе мерки“, рече Фазлии и потенцира дека е неопходна поддршката на државата за занаетчиството како една од најпогодените сектори од ковид-кризата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши ја претстави новата мерка за практикантство – шанса за над 1.300 млади невработени

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја презентираше новата мерка за практикантство, како дел од Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2025 година. Со оваа мерка, директно се инвестира во знаењето, капацитетите и потенцијалот на младите лица до 29 години.
„Ова не е само план на хартија – ова е план за иднина. План во кој секој млад човек, секоја жена, секој невработен добива шанса“, порача Дурмиши.
Целта на мерката е 1.352 невработени лица до 29 години, со најмалку завршено средно образование, да стекнат практични работни вештини и искуство. Новина е воведувањето на виртуелно практикантство – онлајн обука за 40 лица, прилагодена на модерните услови на работа. За сите вклучени е обезбеден месечен надомест од 12.000 денари, со платено осигурување и персонален данок, во траење до три месеци.
Мерката е дел од поширокиот Оперативен план за вработување, со кој Владата издвои рекордни 40 милиони евра за над 10.000 граѓани. Преку мерката за субвенционирано вработување, микро, мали и средни претпријатија, социјални бизниси и граѓански организации се повикуваат да отворат нови работни места. Досега се пристигнати 1.133 апликации, за над 1.400 вработувања.
Финансиската поддршка изнесува:
-250.000 денари за вработување младо лице до 29 години;
-220.000 денари за жени, Роми, лица со попреченост, долгорочно невработени и корисници на социјална помош;
-160.000 денари за лица над 29 години.
Досега, преку јавните повици за активни мерки според соопштеното, поднесени се 6.026 апликации.
„Интересот за мерките покажува дека дека граѓаните не се откажуваат. Напротив, тие се подготвени да направат чекор напред“, изјави министерот.
Економија
Андоновски: Зголемена соработка меѓу Македонија и Италија во областа на иновациите и технолошкит развој

Во рамките на Бизнис форумот помеѓу Македонија и Италија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ги претстави националните заложби во областа на технолошките иновации, дигиталната трансформација и сајбер безбедноста.
Од Министерството соопштија дека на форумот беше истакната посветеноста на Македонија кон исполнување на реформската агенда на Европската Унија, при што новите реформски закони, особено Законот за сајбер безбедност, претставуваат силен доказ за заложбите на државата во заштита на граѓаните во дигиталниот простор и унапредување на технолошката отпорност.
На маргините од форумот, беше осстварена и средба со Мариа Триподи, заменик-министерка во Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. На средбата беа разгледани клучни прашања од политичко и економско значење на двете земји, при што беше потенцирано стратешкото партнерство меѓу Македонија и Италија и продлабочување на соработката во дигитализацијата, трговската размена и политичката поддршка.
Во таа насока, беше предложено потпишување на Меморандум за соработка со ресорното италијанско министерство, со цел унапредување на институционалната соработка и размена на искуства во областа на иновациите, дигиталните алатки и сајбер безбедноста.
“Партнерството со Италија покажува дека и мала држава како Македонија може да има значајна улога на светската сцена. Ова е шанса за нови инвестиции, но и поддршка за македонските компании да го освојат европскиот пазар”, истакна Андоновски за време на форумот.
Заменик-министерката Триподи изрази поддршка и признавање за посветеноста на Македонија во процесот на дигитална трансформација, нагласувајќи ја важноста од продлабочување на билатералната соработка.
Економија
Мицкоски: Се отвора новиот фармацевтски производствен блок во „Реплек“

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека се отвора новиот фармацевтски производствен блок во „Реплек“.
„Денес, заедно сведочиме на уште една позитивна приказна за македонската економија. „Реплек“, еден од симболите на континуитет, квалитет и професионализам, во годината кога слави 80 години постоење, прави нов, визионерски чекор напред. Со новиот фармацевтски производствен блок, „Реплек“ не само што го модернизира и автоматизира својот производствен процес, туку го зголемува капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за значајни 25 проценти. Тоа значи нова технологија, поголема ефикасност, повисоки стандарди, но и нова потврда дека нашата земја има потенцијал и капацитет за индустриски раст“, рече премиерот.
Според него, оваа инвестиција има особена тежина, затоа што е домашна. Мицкоски кажа дека станува збор за македонски капитал, за македонска компанија, за вложување во иднината на македонската индустрија.
„Ние веруваме дека силна економија се гради не само со странски капитал, туку и со грижа за својот – за секој што решил да остане, да вложи, да создаде тука, во Македонија. „Реплек“ е пример за тоа, пример што инспирира и мотивира“, рече Мицкоски.