Контакт

Економија

Бектеши: Новата Стратегија за енергетика до 2040 година комплетно се потпира на 5-те столба на Европската енергетска стратегија

Објавено пред

„Зајакнување на пазарот на енергија во транзиција“ беше темата на една од панел-дискусиите во рамки на бизнис-форумот, со кој заврши првиот ден со економски предзнак од Самитот во Познањ, Полска.

Министерот за економија, Кресник Бектеши, беше повикан прв да ги сподели искуствата и истакна дека земјата со новиот Закон за енергетика како главни стратешки цели во енергетскиот сектор ги поставила поголемото искористување на обновливи извори на енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност.

„Оваа година интензивно се работеше во подготовка на секундарното законодавство, а подготвен е и нов нацрт-закон за енергетска ефикасност, кој наскоро очекуваме да влезе во процедура за усвојување, а ќе понуди нови решенија со цел подобрување на бизнис-климата од кој се очекува најголем интерес да има кај малите и средните претпријатија. До крајот на оваа година, пак, треба да ја донесеме и новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, која се потпира на 5-те столба на Европската енергетска стратегија (сигурност, солидарност и доверба, целосно интегриран енергетски пазар, климатска акција – декарбонизирање на економијата, истражување, иновации и конкурентност)“, објасни Бектеши.

Тој ги запозна присутните со првиот објавен јавен повик за доделување  договор за право на користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, за кој е предвидена изградба на фотонапонски електроцентрали на две локации, и тоа во Амзабегово (Свети Николе) со вкупна инсталирана моќност од 25MW и Македонски Брод со вкупна инсталирана моќност од 10MW.

Бектеши ја најави можноста микро и малите претпријатија и домаќинствата да можат да инсталираат фотонапонски постројки на покрив за производство на електрична енергија што ќе ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија да го предадат на системот, што се отвори како можност со новиот Закон за енергетика, како и планираниот јавен повик за изградба на ветерни електрани со капацитет до 50 MW со користење премија на локации за кои веќе е утврден потенцијал за производство на ветерна енергија.

Директорот на Енергетската заедница, Јанез Копач, се осврна на состојбите на енергетскиот сектор во регионот, кој е во процес на глобална трансформација. Развојот на поефикасни обновливи извори, растечката ликвидност на пазарот на природен гас и на интеграцијата на енергетскиот пазар во Европа бараат фундаментална промена на политиката. Според Копач, со растечкото темпо на економски раст на Западен Балкан се зголемуваат побарувањата за енергија, а токму на овие предизвици треба да одговори регионот час поскоро.

Министерот за економски развој на Република Косово, Валдрин Лука, претставникот „Нова Комодитис“, компанија од Србија која се занимава со трговија на енергија, како и претставници на енергетскиот сектор од економиите од регионот и од европските финансиски институции се обидоа да ги исцртаат патеките на развој на енергетскиот пазар во регионот, давајќи одговори на прашањата поврзани со интеграција на пазарот на електрична енергија и гас на Западен Балкан, финансирање на енергетската транзиција и намалување на енергетската сиромаштија, обезбедување на вистинска правна рамка и транспарентност на пазарот и која е вистинската стратегија за развој на обновливите извори.

Економија

(Видео) Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Клубот на пратениците, заедно со градоначалниците на осум општини, потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел – услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од своето место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање нови работни места преку платена работа за давателите на овие услуги“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект што се работи заедно со поддршка на Светската банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10,8 милиони евра.

Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика, на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини почнува овој процес на соработка.

„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и лица со попреченост и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен – ранливите категории граѓани, старите лица, лицата со попреченост, но и секој граѓанин кому му е потребна поддршка“, порача Шахпаска.

Министерката информира дека оние општини што не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат в година.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, одржа прес-конференција, на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании што аплицираа за мерките од Законот за финансиската поддршка на инвестициите за 2020 година.

„Оваа година се потпишаа нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства што компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, тоа значи стабилност на нивните работни места и отворање нови. Дополнително, ова се инвестиции што компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од Ковид-19. Токму затоа би сакал да ги поздравам одлуките на овие 48 компании, кои решија да реализираат нови инвестиции, со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно, на меѓународните пазари“, рече Битиќи на почетокот на своето обраќање.

Во однос на големината на компаниите вицепремиерот укажа дека повеќето се мали фирми (до 50 вработени), вкупно 20 (или 53 %), по што следуваат средни компании, вкупно 10 (или 26 %), па 5 микрокомпании (13 %) и најмалку се големите компании, само 3 (8 %).

„Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиската поддршка на инвестициите дава еднаква можност за сите компании во земјата независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените остануваат врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот и на спроведување на четвртиот сет мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во постковид-периодот. Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“, потенцира вицепремиерот Битиќи во своето излагање.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, нагласи дека му претставува задоволство што и покрај пандемијата, која предизвика и економска криза, заедно со вицепремиерот Битиќи има можност да објави дека и оваа година Владата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на домашните компании, кои и покрај сè, успеале да работат успешно во текот на претходната, но и во текот на оваа година.

„Кога го создадовме планот за економски раст пред 3 години, многу луѓе беа скептични дека овој план нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите. Но, податоците во изминатите 3 години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од страна на нашите компании ние успеавме да поддржиме како што кажа и вицепремиерот над 240 компании“, истакна министерот.

Бектеши нагласи дека Владата и Министерството за економија, со цел да дополнително ги поттикнат компаниите да реализираат нови инвестиции, објавија јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост-Ковид-19 периодот, што практично може да го земеме како дополнително зајакнување на мерките за производни компании што реализирале инвестиции во 2020 година, а за чија реализација се обезбедени дополнителни 20 милиони евра поддршка за компаниите.

„Одлучивме оваа година дополнително да ги помогнеме нашите компании кои ќе имаат храброст да инвестираат во тек на ковид-криза, но и постковид-кризата, значи и во 2021 година, со дополнителни 20 милиони евра. Што се однесува до процесот, можам да ја информирам јавноста, а особено компаниите што аплицирале, дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на Комисијата, која е во склоп на Министерството за економија, до Владата на Северна Македонија по што ќе продолжиме и со потпишување нови договори за инвестиции што очекуваме да надминат 100 милиони евра во текот на 2020 година и 2021 година“, рече министерот Бектеши.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информира дека Министерството за економија во тесна соработка со канцеларијата на претседателот на Владата, кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии почнаа со изготвување текст за изменување и дополнување на Законот за финансиската поддршка на инвестициите имајќи ги предвид критериумите кои моментно се во тој закон со цел да им се олесни аплицирањето на нашите домашни компании за наредната година да може да аплицираат. Измените ќе бидат во насока на олеснување на критериумите за компаниите што се однесуваат за намалување на бројот на вработени и намалување на приходите што во моментот се предвидени како основни критериуми за да може да се квалификуваат компаниите за аплицирање за мерки од ЗПФИ.

Прикажи повеќе...

Економија

Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Објавено пред

Oд утре (27.10.2020 година) почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата:

– во вторник, 27.10.2020 година, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари;
– В среда, 28.10.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;
– В четврток, 29.10.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;
– В петок, 30.10. 2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од вторник (28 октомври). Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема која ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија3 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа3 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет4 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија4 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет4 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ5 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија5 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион6 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија7 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа8 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ8 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет9 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија9 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија20 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет20 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија21 час

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија23 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион24 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион1 ден

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие