Економија
Бочварски: Надминати затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп, продолжуваме да го градиме

Затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп се надминуваат. Онаму каде што имаше проблеми со изведувачите ги решивме и веќе со почетокот на градежната сезона започнуваме со силно темпо на изградба, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Прилеп.
„Сакам да информирам дека за првата делница Градско –Дреново, Владата донесе одлука да се преземат градежните работи од сегашниот изведувач и во следниот период оваа делница да ја гради друга компанија која има технички и човечки ресури да за ја доизгради оваа делница навреме. Во однос на втората делница од Дреново до Фариш, тендерската постапка е завршена и сега понудите се во фаза на евалуација. Очекувам на пролет да имаме силна градежна активност паралелно и на двете делници. За третата делница, планирано е да се реконструира целиот пат на Плетвар, а онаму каде што има две ленти ќе се прошири на ниво на експресен пат со три ленти“, изјави Бочварски.
Тој потенцираше дека во фаза на изработка е проектна задача за изградба на автопат од Прилеп до Битола со што ќе се заокружи брзата патна врска кон Пелагонија.
При денешната посета на општина Прилеп, министерот Бочварски заедно со градоначалникот Илија Јованоски, присуствуваа на пуштање во употреба на мост во населеното место сточен пазар во Прилеп.
„По 50 години се изгради нов армирано-бетонски мост, кој ќе ги поврзува двете индустриски зони и преку кој ќе одвива 80 отсто од товарниот сообраќај во градот. Мостот е со должина од 24 метри, има четири коловозни ленти, од кои две во едниот и две во другиот правец, а од двете страни на коловозните ленти има по една велосипедска и пешачка патека. Вкупната вредност на овој капитален проект е 35 милиони денари, инвестиција на општина Прилеп”, истакна градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Ројтерс“.
Биткоинот излезе од својот мал „лажен пазар“ во последниве години и сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои дури земаат заеми за да го зголемат купувањето на таа криптовалута, чијашто вредност се зголеми десеткратно од минатиот март.
Сепак, неговата главно анонимна природа предизвика загриженост дека може да се користи за перење пари и други нелегални активности.
„Биткоинот е високо шпекулативно средство што се користи за некои чудни деловни активности и за некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на конференцијата „Ројтерс некст“.
Таа не наведе конкретни случаи во кои таа дигитална валута е користена за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против тие незаконски активности. Таа не даде повеќе детали за тоа.
Со својот апел шефицата на ЕЦБ им се придружи на бројните регулатори од целиот свет во повиците за примена на глобалните правила и криптовалутите.
„Мора да има регулатива. Таа мора да се применува и да се договара на глобално ниво, и ако некој го избегнува тоа, тоа бегство ќе биде злоупотребено“, рече Лагард.
Економија
Општина Центар објави повик за финансирање здруженија и фондации за 2021 година

Општина Центар објави јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар за 2021 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите.
Здруженијата и фондациите имаат можност да добијат средства за следните области: Помош и заштита на лицата со физички или со ментален хендикеп и попреченост во развојот и лица со посебни потреби; Заштита и поддршка на децата и на младите; Развој на социјални услуги за потребите на граѓаните во социјален ризик; Развој на услуги и поддршка на процесот на образование; Меѓуопштинска и/или меѓународна соработка; Заштита на животната средина и одржлив развој; Културни манифестации и настани во интерес на граѓаните и општината; Развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права; Помош и поддршка на жртви на семејно насилство.
Право на учество во Јавниот повик имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми: Да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар; Да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една година; Да поседуваат Статут или Решение за регистрација на здружението или фондацијата; Да дејствуваат на територија на Општина Центар; Да поднесат Извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината доколку во 2019 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите и да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар за 2021 година.
Рокот за поднесување на предлог проектите е заклучно со 12.2.2021, повеќе информации за повикот, како и пријавата и образецот за пријавување заинтересираните здруженија и фондации можат да ги најдат на општинската веб – страна.
Економија
Црногорската влада се согласи да формира нова авиокомпанија

Владата на Црна Гора на денешната седница донесе одлука за формирање нова авиокомпанија „To Montenegro“.
Во соопштението на Владата се вели дека четири милиони евра се веќе издвоени и платени од буџетот за формирање на компанијата.
Министерството за финансии и социјална заштита е одговорно за исплата на основниот капитал, утврден со одлуката, во согласност со расположливоста, од тековните резерви на буџетот во една или повеќе транши во рок од 12 месеци од денот на регистрација на компанијата, пренесува РТЦГ.
Во декември лани црногорската влада одлучи дека ќе ја згасне националната авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“, која со години работеше со загуба и истовремено најави дека ќе формира нова компанија.
Црна Гора ја формираше „Монтенегро ерлајнс“ во 1994 година додека беше во заедничка држава со Србија, а првиот лет беше извршен во 1997. Флотата ја сочинуваа три авиони од типот ембраер 195 и еден фокер 100, а во компанијата беа вработени нешто повеќе од 300 луѓе.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира