Економија
Бочварски: Поедноставените постапки за поставување фотоволтаични електроцентрали на крововите даваат резултати

Поедноставените постапки за поставување фотоволтаични електроцентрали за на кров ги даваат првичните резултати. Се зголемува интересот кај граѓаните кои започнуваат постапки за поставување фотоволтаични централи на своите кровови, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска оствари работа посета на општина Берово.
Министерот Бочварски заедно со градоначалникот Звонко Пекевски остварија средба со граѓани од Берово на кои ги презентираа поедноставените постапки за поставување фотонапонски централи, согласно измените на Законот за градење и тоа до 6 киловати за физички лица и 40 киловати за правни лица.
Министерот пред присутните потенцираше дека постапката за поставување на овој тип фотоцентрали на кров се намалува од претходните 30 дена, сега само на 1 ден со тоа што заинтересираните правни или физички лица сега можат да поставуваат без одобрение за градење само со известување.
„Ова е време кога треба сите да размислуваме за поевтина енергија за да можеме да заштедиме на нашите домашни буџети. Овие поедноставени процедури сега овозможуваат граѓаните и правните лица да можат без одобрение да постават кровни фотоцентрали. Ова е поедноставена постапка која содржи само неколку чекори, а тоа се: Подготвување на основен проект со две фази и тоа со архитектура и електрика и само известување до општината преку која граѓанинот ја информира општината дека пристапува кон поставување енергетски објект на својот кров. Подготвени сме на овој начин да му помогнеме на електро-енергетскиот систем на државата, но и да си помогнеме самите и да придонесеме за плаќање помали сметки за електрична енергија” – изјави министерот Бочварски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Пакет.мк“ достапен во Куманово, набргу компанијата се шири во цела Македонија

„Пакет.мк“, најголемата платформа за онлајн купување во Македонија, стана достапна и во Куманово. Граѓаните на Куманово отсега преку Пакет.мк може да купуваат храна, намирници, производи за домот и градината, суплементи и производи од аптека, бебешки производи, играчки и детски аксесоари и уште многу други категории производи и да ги добијат нарачките на саканата адреса пред врата уште истиот ден.
„Проширувањето на нашата мрежа и достапноста на нашата услуга се должи на промената на потрошувачките навики и растечкиот тренд кај граѓаните за онлајн купување. Потребата од широк избор во категориите кои ги нудиме и можноста да ги добијат дома, пред врата, го прави Пакет.мк да биде изборот број еден за илјадници домаќинства во Скопје. Овој тренд се јавува како одговор на современото живеење, додека сигурноста во услугата, плаќањето и квалитетот на доставените производи е наш приоритет. Изборот на категории, точноста, брзината, грижата за корисниците и одличните цени секојдневно ја зголемуваат довербата на купувачите во Пакет.мк. Веќе пет години работиме на развој на системот во Скопје, создавајќи ја најголемата и најсофистицираната логистика за е-трговија во Македонија. Како резултат на ова, многу скоро услугата на Пакет.мк ќе биде достапна низ целата држава“, вели Драган Јосифовски, основач на Пакет.мк.
Пакет.мк е водечка е-продавница и најголема платформа за онлајн купување во Македонија. Сите производи нарачани преку Пакет.мк подлежат на посебна гаранција за квалитет и безусловно право на поврат. Пакет.мк има имплементирано највисоки стандарди за квалитет, а носител е и на беџот „Верификуван е-трговец”, од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со кој се издвојува како регистриран правен субјект кој ги исполнува високите услови за обавување на дејноста е-трговија согласно законските прописи и светските стандарди во оваа индустрија.
(ПР)
Економија
Кусок енергија еден ден поради голем пад на температурите, соопшти ЕСМ

Вкупната потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи („ЕВН хоме“) и дополнителните снабдувања што ги врши АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“, во неделата, 5 февруари 2023 година, драстично се зголеми поради наглиот и голем пад на температурата во вечерните часови во споредба со претходните денови, информираат од ЕСМ.
Потрошувачката, како што појаснуваат од таму, во саботата на 4 февруари изнесувала 18.948MWh, а во неделата се искачила на 22.331MWh.
„Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ‘ЕВН хоме“, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од приближно 820 MWh. Сите други денови АД ЕСМ работи во рамките на нормалните граници на снабдување. Во моментот снабдувањето е по планот, производството се одвива пред сè преку два блока во РЕК ‘Битола’ и два котла во ТЕЦ ‘Неготино’, како и хидроелектраните и гогенеративната гасна електрана ‘КОГЕЛ/Енергетика’“, дополнуваат од ЕСМ.
Најавуваат дека во согласност со планот за производство во текот на утрешниот ден на мрежа ќе бидат вратени Блокот 1 во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Следната недела, кога се очекува раст на температурите, ќе биде исклучен Блокот 2 заради претходно најавени сервисни активности, соопштуваат надлежните.
Истакнуваат дека АД ЕСМ целосно го исполнува планот за производство за 2023 година.
„Нагласуваме дека повлекувањето енергија од европската мрежа е всушност утврден балансен механизам во согласност со правилникот кој важи во цела интерконективно поврзана Европа“, е наведено во официјалната информација.
Економија
MOZZART и јавните личности играат за хуманоста!

Mozzart секое коло е активен со хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба, а меѓу една од последните, добитен тикет состави Марко Новески.
Познатиот ТВ-водител и шоумен пред еден месц на својот тикет одбра вкупно шест натпревари во период од три различни дена и успеа да ги погоди. Освоената добивка од 57.196 денари Новески ја донира во Домот за деца без родители во Скопје и средствата беа ставени на располагање на институцијата за материјални добра и потребите за функционирање.
„Благодарност до MOZZART за можноста да учествувам во оваа хуманитарна кампања и со мојот добитен тикет да придонесам кон хуманитарните акции кои ги организираат како општествено одговорна компанија. Навистина се израдував кога видов дека мојот тикет помина и дека ги погодив сите парови, се надевам дека добивката ќе помогне“, изјави Марко Новески.
Во акцијата Хуманитарен тикет досега учество зедоа многу познати спортисти и јавни личности, меѓу кои: капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски возач Игор Стефановски Иџе, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски, селекторот на кошаркарите Александар Јончевски и уште многу други влијателни личности.
Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд досега се собрани над 600.000 денари кои компанијата MOZZART ги донира во добротворни цели низ неколку установи во Република Македонија.
ПР-текст