Економија
Бронхитисот и кашлицата треба веднаш да се лекуваат

Студените денови, воздухот загаден со штетни гасови, како и долготрајната изложеност на чад од тутун, се многу погодни за појава на бронхитис.
Болки во грлото, кашлица, покачена телесна температура, но и болки во градите и мускулите, се најчестите симптоми на бронхитис. Пушачите, луѓето склони кон алергии, оние кои страдаат од астма, дијабетес, срцеви заболувања и металоиди се поподложни на бронхитис.
– На акутниот инфективен бронхитис често му претходи настинка или некое друго воспаление на горниот респираторен тракт. Бронхитисот настанува како резултат на инфекција со вируси и бактерии. Најчесто тоа се вируси кои се одговорни за сезонски грип, само кај бронхитис инфекцијата се движи сè подлабоко во респираторниот тракт. Оваа инфекција предизвикува воспалителни процеси на бронхиите и душникот, доведува до создавање и акумулација на секрет во белите дробови, што обично е придружено со силна, иритирачка кашлица – вели Славица Тодоровска, магистер по фармација, менаџер на претставништвото на Хемофарм во Р. Македонија
– Kашлицата на почетокот е сува, но наскоро се појавуваат зголемени количества на густ секрет , а искашлувањето станува сè потешко. Воспалените бронхии предизвикуваат производство на голема количина слуз што се крева нагоре кога кашлате. Кашлањето често може да биде многу напорно, така што некои пациенти чувствуваат горлива болка зад градната коска која се интензивира за време на кашлањето. Затоа е важно, како дел од терапијата, пациентот да прима и лекови кои делуваат на разградувањето на секретот во респираторниот тракт за да се олесни и забрза исфрлањето на акумулираната слуз, која во воспалените бронхии создава погодна средина за репродукција на бактерии, па може да се појави и секундарна бактериска инфекција, како и други компликации– истакнува нашиот соговорник.
Ако адекватно се лекува, акутниот бронхитис поминува во рок од една недела до два дена, иако кашлицата може да биде присутна три недели, па дури и подолго.
– Многу е важно да се започне со терапија веднаш штом се појават првите симптоми, бидејќи една од најчестите последици и компликации на нелекуваниот бронхитис е пневмонијата. Во текот на лекувањето на бронхитис треба да избегнувате пушење, престој во зачадени простории, намалување на физичката активност. и замор. Главната цел на терапијата е да се зачува оптималната функција на дишните патишта и да се вратат во претходната, здрава состојба. Поради нетретиран или недоволно третиран акутен бронхитис, речиси сигурно може да се очекува дека инфекцијата ќе премине во хроничен, потежок облик на бронхитис
– Доколку инфекцијата прерасне во хроничен бронхитис, дишењето станува отежнато, се појавува слабост и отежнато дишење во градите, кашлицата се влошува, а компликациите може да бидат многу сериозни.
– Насобраниот секрет во белите дробови станува гноен и е проследен со упорна, продуктивна кашлица која често предизвикува болка при кашлање. Многу е важно пациентот како дел од редовната терапија да прими препарат, како што е Бисолвон, кој се користи за растворање на секрет при акутни и хронични заболувања на бронхиите и белите дробови и кој ефикасно ќе го промовира разградувањето на тој штетен секрет и негово исфрлање и чистење на белите дробови и бронхиите. Многу е опасно доколку овој гноен, леплив секрет остане долго време бидејќи може да биде погодна почва за развој на многу сериозни инфекции, па дури и сепса. Затоа е многу важно бронхитисот веднаш да се лекува и на тој начин да се спречат сите компликации – предупредува Славица Тодоровска од Хемофарм. Aleksandra Gazivoda
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување

Во салата на киното „Манаки“ во Битола денеска беа презентирани мерките од оперативниот план за вработување за 2025 година.
Пред голем број граѓани претставниците од Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемаштво), каде што јавните повици се објавени и сите заинтересирани може да се пријават до 20 јуни.
„Со мерките за самовработување на сите невработени лица им даваме финансиска поддршка за отворање сопствен бизнис, која се движи од 7.000 до 10.000 евра, а со здружување две лица од 14.000 до 20.000 евра. Имаме исклучително голем интерес за овој јавен повик и за само четири дена се пријавени повеќе од 2.500 лица. Ги повикувам сите лица што се заинтересирани да се пријават во кој било од 30-те центри за вработување при Агенцијата за вработување во државата“, рече заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.
Во рамките на јавните повици од мерката 1, „Поддршка за самовработување (претприемаштво)“, во тек се три јавни повици, со кои им се дава можност на повеќе од 1.700 лица да отворат сопствен бизнис и со нив се предвидени:
– финансиска поддршка во форма на грант до 7.000 евра за основање и почнување бизнис за лица постари од 29 години;
– финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра за основање и почнување бизнис за млади лица до 29 години;
– финансиска поддршка за здружување две лица во ДОО, каде што таа изнесува од 14.000 до 20.000 евра во зависност од целните групи.
Економија
Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да се намалат царинските давачки на голем број суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија и во енергетиката, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Списокот со 70-ина производи, кој е составен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка со Стопанската комора, вклучува намалување до 50 % на царинските стапки што важат во ЕУ, како и укинување на царините за увоз од САД. Овие измени ќе значат пониски трошоци за домашното производство, а со тоа зголемена конкурентност на странските пазари, нови инвестиции и повеќе вработувања“, рече таа.
Укинувањето на царините за стоките по потекло од Соединетите Американски Држави, пак, додаде Стојаноска, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, со кој испраќаме сигнал за зголемена подготвеност за соработка со нашите стратешки партнери и поддршка за слободната трговија.
„Со оваа законска измена македонските компании ќе станат поконкурентни, ќе се намалат цените за производство и ќе се зголеми извозот, со што директно ќе влијае на растот на економијата. Ова е само еден чекор од поширокиот план за економски раст. Клучна измена со која се посветуваме на економијата во пракса, а не само на хартија“, рече Стојаноска.
Економија
Цените на нафтата го забележаа најголемиот скок во последните неколку години поради стравот од војна

Глобалните цени на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти забележувајќи го најголемиот дневен процентен пораст од март 2022 година поради стравувањата дека потенцијалното проширување на конфликтот на Блискиот Исток би можело да предизвика големи прекини во снабдувањето со енергија.
Цената на „Брент“, меѓународниот референтен стандард, се зголеми за 4,3 проценти, на 72,40 долара за барел, а американската референтна нафта West Texas Intermediate (WTI) скокна за 5 проценти, на 71,40 долар за барел.
Според „Ројтерс“, ова се најголемите еднодневни скокови за двете референтни цени на нафтата од март 2022 година кога почна војната во Украина.
„Остриот пораст на цените на ‘Брент’ ги одразува не само тековните ризици за снабдување туку и растечкото чувство дека потенцијалната ескалација на конфликтот би можела да трае за разлика од претходните краткотрајни епизоди меѓу Израел и Иран“, рече Ахмад Асири, истражувачки стратег во „Пеперстоун“.
Нервозата на пазарите дополнително се потврдува со движењата на американските берзи, пренесува „Танјуг“.