Контакт

Економија

(Видео) Арсовски: Покачувањето на даноците би можело да ги пресели бизнисите и сметките во соседството

Објавено пред

Владата предводена од Заев со својата безидејна економска политика ја турка државата во дополнителна даночна евазија од која на крајот најголема загуба ќе имаат државата и граѓаните, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој оцени дека политиката за покачување на даноците е необмислена и нема да даде никакви ефекти, туку напротив постои опасност да предизвика штети кои ќе предизвикаат последици по многу основи.

„Наместо граѓаните, а особено посиромашните, од оваа мерка бенефит може да имаат единствено соседни земји кај кои може да се отворат нерезидентни сметки или да ги селат бизнисите, токму оние кои се најзасегнати од покачувањето на даноците. Да потсетиме дека во оваа група на луѓе спаѓаат само 1 отсто од граѓаните, од кои голем дел се млади и просперитетни луѓе кои заедно со бизнисот може да ја напуштат и самите државата“, изјави Арсовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа само покажува дека се води макроекономска политика по принципот „купи ден-помини“, која нема да даде ниту краткорочни, а камоли долгорочни ефекти. Тој износ на дополнителни прибрани средства од покачените даноци, вели Арсовски, може да биде минорен, а патем оваа власт со своето недомаќинско и неодговорно работење најверојатно ќе го потроши на нови партиски вработувања, тендери од 670 илјади евра за цвеќиња, набавка на нови возила или мебел или, пак, набавка на лубриканти.

„Оваа власт не само што нема слух за експертите и реалното стопанство, нема ниту своја визија и концепт за унапредување на економијата. Наместо да ги засука ракавите и да работи за интересите на граѓаните, стопанството и индустријата, таа прави само популистички чекори кои нема да донесат раст на економијата, нема да донесат нови работни места, и нема да донесат раст на индустриското производство, нови стопански капацитети, а најмалку нема да има подобрување на состојбата на сиромашните граѓани кои на бројка се над 450 000“, рече Арсовски.

Економија

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

Објавено пред

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во светот, објави Си-ен-би-си.

Тој одговарал на прашања за иднината на компанијата на неодамна одржан состанок со вработените.

„Всушност, јас предвидувам дека ‘Амазон’ еден ден ќе пропадне. ‘Амазон’ ќе банкротира. Ако ги погледнете големите компании, нивниот животен век обично трае околу 30 дена, не 100 или повеќе години“, рекол тој.

Безос, сепак, ги утешил вработените велејќи им дека компанијата има задача да ја одложи таквата судбина што е можно подолго.

„Ако се фокусираме на себе наместо на нашите клиенти, тоа ќе биде почеток на крајот. Мораме да се обидеме да го одложиме тој ден што е можно подолго“, рекол тој.

И покрај неверојатниот успех на „Амазон“, вработените се загрижени дека приходот нагло пораснал, но загрижени се и од анимозитетот на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Економија

Самитот на АПЕК заврши со несогласување меѓу САД и Кина

Објавено пред

Самотот на земјите од Пацификот и Азија (АПЕК) заврши без официјално соопштение на лидерите, поради несогласување меѓу САД и Кина околу трговијата.

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Питер О’Нил, земјата домаќин на самитот, изјави дека двајцата гиганти во собата не успеале да се договорат, како и дека соопштението од самитот ќе биде дополнително издадено, пренесе Би-би-си.

САД и Кина моментално се во таканаречена трговска војна, на самитот изложиле конкурентни визии за регионот.

За време на самитот САД објавиле дека ќе ѝ се придружат на Австралија во развојот на морнарската база на Папуа Нова Гвинеја, со што се ограничува влијанието на Кина.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој бил присутен на самитот, рекол дека таа база ќе помогне да се стави крај на суверенитетот и поморските права на Пацифичките острови.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера ја критикуваше политиката на сАД, наведувајќи дека државите кои го поддржувале протекционизмот биле осудени на неуспех.

Пенс подоцна му одговорил дека е подготвен двојно да ги зголеми тарифите наметнати за увоз на кинеска стока

Прикажи повеќе...

Економија

Николовски: Со развојни мерки ќе го сопреме падот на бројките во сточарството

Објавено пред

Сточарството изминативе години беше запоставено и затоа овој период сме насочени кон креирање на нови мерки и политики за развој на оваа земјоделска гранка, порача на денешната средба со сточарите во Берово, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

На средбата министерот Николовски ги образложи актуелните состојби во сточарството, како и мерките на МЗШВ за поддршка на овој сектор. При тоа најави дека од следната година односно со Програмата за рурален развој 2019 година, се планира зголемување на сумата за мерката 121 „Набавка на приплоден добиток“ , од постоечките 14 милиони денари на 60 милиони денари или околу еден милион евра. Дополнително ќе се работи на промени во Правилникот за оваа мерка со цел да биде подостапна за сточарите .

„Оваа мерка ќе придонесе обновување на генетскиот потенцијал на сточниот фонд, што ќе влијае врз зголемување на продуктивноста на сточарското производство и на севкупниот развој на оваа гранка. Падот на бројките во сточарството мора да го сопреме и потоа заеднички да со вас сточарите да работиме на соодветни мерки за развој на оваа гранка. Сметам дека е еден од најважните сектори во земјоделството и затоа во следниот период силно ќе се фокусираме на нови мерки и политики. За прв пат објавивме наменски оглас за државно земјоделско земјиште под закуп до 3 и над 3 хекатри за сточари за производство на добиточна храна, за следната година се планирани 600 илајди евра за колектори за струја на бачилата со овци, а паралелно работиме и на други мерки , како што е новиот, Законот за пасишта, измени на Законот за државно земјиште и други“, истакна министерот Николовски .

Тој додаде дека развој на сточарството е во фокус на активностите на министерството, што се гледа и по критериумите одредени за мерката „Млад земјоделец“, според кои предност имаат токму младите сточари. Паралелно, МЗШВ активно работи на изработка на нов Закон за пасишта, со што ќе им се помогне на сточарите во планирањето и организирањето на сточарското производство. Со новиот закон по речиси 20 години ќе се уреди постапката и користењето на пасиштата во државна сопственост како добро од општ интерес, на современ и транспарентен начин.

Во годинешната Програма за директни плаќања за 10 отсто е зголемена субвенција по грло за сточарите со развоен потенцијал. Исто така се воведоа нови мерки во сточарството, како што се дополлнителни директни плаќања за уматичен грло-маторица, со цел подобрување на генитскиот потeнцијал и зголемување на производството на свињите, и дополнителни директни плаќања од 30% за зголемен пријавен број на грла во основно стадо, несилки и пчелни семејства.

Освен министерот, на средбата во Берово присуствуваа и директорот за стопанисување со пасишта, Љуљзим Фејзулаи, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт52 минути

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа4 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести5 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија5 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет7 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија8 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски10 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет10 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион11 час

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет12 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие