Економија
(Видео) Георгиевска: Пари за поголеми плати и пензии, нови редизајнирани мерки со ребалансот на буџетот

Во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието започнува расправата по предлог ребалансот на буџетот за 2022 година. Станува збор за важен документ кој има за цел да обезбеди продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза. Преку одговорен пристап преку овој ребаланс се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството, изјави на денешната прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека на овој начин се обезбедуваат 76 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за поддршка на земјоделците, за раст на платите и пензиите. Тоа значи дека во буџетот се обезбедени средства за нови таргетирани мерки за помош, за усогласување на платите на буџетските корисници со растот на минималната плата, како и за зголемување на пензиите од септември, согласно новата усвоена методологија.
Георгиевска истакна дека и во време на криза Владата и парламентарното мнозинство преку одговорни мерки и политики успева економијата да ја задржи на стабилни основи и таа да остане ликвидна.
Таа ги повика сите пратеници од сите пратенички групи да дадат придонес преку конструктивна дебата и предлози да се вклучат во носењето на овој ребаланс затоа што тоа е битно и за граѓаните и за нашата економија.
Како парламентарно мнозинство досега сме докажале дека имаме слух за барањата од опозицијата, преку прифаќање на оние амандмани кои биле издржани и биле во насока на унапредување на стандардот на граѓаните. Очекуваме опозицијата да ги стави интересите на граѓаните на прво место и дека наместо со блокади и запирања, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот, изјави Георгиевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Горивата остануваат со иста цена, се менува цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,000 денар/кг и сега ќе изнесува 54,291 денари/кг.
Од 24.6.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 110,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 112,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 54,291 (денари/килограм)
Економија
ЕСМ: 100 отсто ќе ги покриеме потребите за струја за сите корисници на универзалниот снабдувач

ЕСМ вети дека 100-процентно ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач со струја за граѓаните и малите потрошувачи за претстојната грејна сезона.
Од компанијата велат дека до утре ќе поднесат понуда на јавна набавка на „ЕВН хоум“.
„АД ЕСМ достави до Владата пресметки и предлози во однос на цената и количините по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Во согласност со одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ‘ЕВН хоме’“ се наведува во соопштението од компанијата.
Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврдила дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини електрична енергија, кои му се потребни на „ЕВН хоме“, односно 100 % да ги покрие потребите на универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 %), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на „ЕВН електродистрибуција“ и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.
За таа цел, ЕСМ додава дека го зголемила планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 % од производството во 2021 година.
„Конзумот на ‘ЕВН хоме’ е зголемен 27 % поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветление). Дополнителните потреби на ‘ЕВН хоме’ и на ‘ЕВН електродистрибуција’ ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните ‘Битола’ и ‘Осломеј’, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ ‘Неготино’“ појаснуваат од компанијата.
Економија
ГРОМ бара Владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури

Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет. Дополнително, се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт, како и санкцииите кон Русија како два најголеми светски производитела на овие култури. Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни, но во исто време Владата треба веднаш да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно, реагираат од Граѓанската опција за Македонија.
Производителите не смеат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресирана, велат од оваа партија, напротив, нагласуваат дека ГРОМ предлага откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени.
„На таков начин ќе ги заштитимие производителите, но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и животинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година. Повикуваме Владата да постапува одговорно и сериозно да одговори на опасноста што нè демне“, се потенцира во реакцијата од ГРОМ.