Економија
(Видео) Димковски: Ги зголемуваме обработливите површини

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство за земјоделство шумарство и водостопанство преземаат мерки за зголемување на земјоделското произвдство што во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар. За таа цел, веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари, потенцира на денешната прес-конференција, Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ.
Со овој Јавен повик, како што рече Димковски, се ставаат на располагање нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за обработување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок.
Појасни дека овие култури се особено важни кога стануваат недостапни на светскиот пазар како последица од агресијата на Русија врз Украина.
„Со оваа мерка опфатени се 14 региони во државата каде успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање околу 700 целини на земјоделско земјиште над 3 хектари. Начинот на доделување на земјиштето ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање би траело 30 дена. Покрај оваа мерка на сила е и Интервентниот фонд првично проектиран на 250 а потоа проширен на 400 милиони денари со кои дополнително го стимулираме домашното производство на храна“, истакна Димковски.
Додаде дека СДСМ, продолжува со реализација на мерки и политики што обезбедуваат зголемено и конкурентно земјоделско производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.