Економија
(Видео) Дурмиши: Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“.
Дурмиши кажа дека Министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.
„Уште на почетокот во првиот месец од моето раководење со Министерството веднаш пристапивме со објавување на Јавните повици од Програмите на Министерството кои не беа објавени, финансиска поддршка која бизнисот ја очекуваше половина година. Со Ребалансот на Буџетот имавме на располагање 120.000.000 денари за две програми: Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност и Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија. Беа објавени повици за финансиска поддршка на мали и средни компании за зголемување на нивната конкурентност, за воведување на нови производи, за развој на малите и средни компании, за занаетчиите, за воведување на ХАЛАЛ, за набавка на машини, итн. Можеби овие средства не се доволни за сите потреби, но значат многу за микро, малите и средни компании“, кажа Дурмиши и информираше дека веќе следната недела ќе почне и со потпишување на договорите за субвенционирање и исплата на средствата за дел од мерките.
„Во меѓувреме ја завршивме целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија Киел во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот Регион. Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму. Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд“, кажа Дурмиши и потенцираше дека во наредниот период заедно со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.
„Но, додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало. Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Но, не застанавме тука. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните започнавме една акција, за која што можеме да сведочиме дека е поздравена позитивно од страна на граѓаните, а тоа е „Помалку трошоци – повеќе за вас“. Ја објавивме есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 групи на основни прехранбени производи, нешто што е многу важно за сите домаќинства. Оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница, се со цел да им излеземе во пресрет ан граѓаните пред празниците кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи“, истакна министерот.
Според анализите на Министерството за економија и труд, како што кажа Дурмиши, првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).
„Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите. Искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата би изнесувала од 690 денари до 1360 денари по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец“, додаде министерот.
„Проблемите на пазарот на труд остануваат клучен предизвик за нас како Министерство за економија и труд во наредниот период.
Во наредниот период заедно со Агенцијата за вработување ќе креираме мерки кои ќе придонесат решавање на проблемот со невработеноста, како и проблемот со недостаток на стручен кадар кој му е неопходен на бизнисот“, рече Дурмиши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.
Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.
„Со реализацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создава услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отвора простор за приклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш врвен приоритет, “истакна Божиновска.
Изградбата на новата 400 kV линија е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електроенергетската мрежа на земјава. Со тоа се заокружува електроенергетското поврзување со сите соседи, што овозможува не само зголемена стабилност и доверливост, туку и активно учество на пазарите за балансни и системски услуги и размена на енергија во регионот.
При посетата, таа беше пречекана и детално информирана за напредокот на проектот од страна на проект менаџерот Дарко Докузовски.
Економија
Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Компанијата ‘Чагатај кабло’ почнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Се работи за инвестиција во вредност од 6 милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10.000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места или вкупно, како што рече и претседателот на управниот одбор, ќе дојдеме до бројка од 500 работни места, кои ќе произведуваат овде во производните капацитети на компанијата ‘Чагатај кабло’“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека со ова ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде – во нашата татковина.
Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, додаде Мицкоски, туку е добар за локалната заедница, добар за националната економија и добар за иднината на секој млад човек што сака да остане овде.
„Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности. Земја во која трудот се исплати. Земја во која инвестицијата има смисла. Земја во која институциите се партнери на бизнисот – не пречка, туку поддршка“, рече Мицкоски.
Економија
Инвестиција од 1 милијарда евра на „Казанџи груп“ за изградба на гасни централи, трајно решение за аерозагадувањето, најави ВМРО-ДПМНЕ

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е создавање услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти. Се враќа довербата на странските инвеститори за своите инвестиции да ги пласираат во државата, да отворат нови или да ги прошират своите капацитети. За разлика од минатото кога имаше недостаток на доверба кај инвеститорите во владата на СДС и ДУИ сега домашните и странските инвеститори имаат партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.
Од таму наведуваат дека се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.
„Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Освен енергетската стабилност, со градењето на когенеративни гасни централи, трајно се решава загадениот воздух. Со оваа и останатите инвестиции во енергетиката државата ќе стане енергетски независна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и план за енергетскиот сектор во служба на граѓаните. За енергетска ефикасност, енергетска стабилност и независност на државата. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.