Економија
(Видео) Илиевска: За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра
За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра. Јавниот долг кој на крајот од првиот квартал оваа година изнесуваше 5,5 милијарди евра, за само три месеци се зголеми на 6,5 милијарди евра, изјави Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Тоа значи дека секое просечно семејство е задолжено за нови 2.000 евра јавен долг и тоа само за последниве три месеци. Ова е рекорден раст на јавен долг во Македонија за едно тримесечие, речиси 9 процентни поени.
Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез во една земја во Европската монетарна унија, дозволуваат јавен долг од 60%.Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум.
И покрај огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се отвора прашањето за која намена беа искористени овие пари?
Овие показатели се резултат на исклучително лошата економска политика на владата, задоцнетите и популистички мерки кои суштински не го помогнаа стопанството. Во цела криза и немаштија дополнително се наметнуваат огромни давачки, како што е поскапувањето на струјата за цели 7,5%.
Очигледно е дека Македонија тоне. Пред избори се вршеше класичен поткуп на граѓаните со ваучери, а после избори го товарат секое семејство со поскапи сметки за струја за 200 евра на годишно ниво, 2.000 евра нов долг за три месеци, повисоки трошоци за живот и уништен стандард.
Денес повеќе од било кога, потребна ни е стабилна и издржлива стратегија за надминување на кризата во економијата, која што секој ден е се поголема и посериозна. Денес повеќе од било кога потребни ни се ефикасни мерки кои директно ќе му помогнат на стопанството да ја одржи ликвидноста и да ги задржи работните места. Денес повеќе од било кога потребни се сериозни чекори за подобар стандард и помош на граѓаните, а не мерки за преживување.
Потребни се правилни, навремени и суштински чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, бидејќи досегашните популистички и маркетниг мерки резултираат со тонење на економијата врз грбот на граѓаните, за што сведок се и податоците.
Потребни се цврсти и стабилни чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, зашто само така државата и економијата ќе може да излезат од овој ќорсокак и да се придвижат напред. Потребна е итна стратегија за обнова на државата“ порача Илиевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

