Економија
(Видео) Колева: Буџетот за 2021 е фокусиран на капитални инвестиции и справување со здравствените и економски последици

Предлог-буџетот за 2021 година доставен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е во насока на постигнување напредок во исклучително тешки моменти за глобална економија, со фокус на здравствениот систем, капиталните инвестиции, како и системска функционалност и поддршка на веќе започнатите реформи, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
Доказ за тоа, додаде таа, е расходната страна од буџетот која обезбедува поддршка на здравствениот сектор, односно заштита на здравјето на граѓаните, економско заздравување и овозможување на следен економски раст, поддршка на самата економија и зачувување на работните места, како и непречено финансирање на основните функции на државата.
„Со буџетот за 2021 година, предвидуваме за 20 отсто повеќе средства за капитални инвестиции, за да придонесеме за поголем економски раст. Инвестициите во јавното здравство, во човечкиот капитал продолжуваат. Следната година предвидено е зголемување на платите за 10 отсто за сите здравствени работници“, рече Колева.
Пратеничката кажа дека за два и пол пати се зголемени капиталните инвестиции во образованието и дека со буџетот за 2021 година се стимулираат нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки компании, како и помош за отворање нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намалување на стапката на невработеност.
„Буџетот за 2021 година е во насока да одговори и на здравствените и на економските предизвици од корона-кризата, но истовремено нуди можности за брз рестарт на македонската економија. Со него се обезбедува стабилизација на домашната економија и отвора перспективи за брзо враќање на претходните стапки на раст на БДП. Затоа е важно сите пратеници да го поддржат донесувањето на буџетот за 2021 година за што побрзо да се надминат негативните последици од коронавирусот“, рече Колева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Грчките бизниси со загуби од скоро 35 милијарди евра

Сите грчки компании, не само оние кои беа принудени да се затворат за време на блокадата, претрпеа загуби на приходите од речиси 35 милијарди евра помеѓу јануари и септември минатата година. Ова го покажуваат најновите податоци објавени од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Овие загуби се очекува да бидат уште поголеми во четвртиот квартал од годината, барем во споредба со првиот и третиот квартал – период што традиционално се карактеризира со зголемена потрошувачка, пренесе БГНЕС.
Податоците за прометот во ноември, го одразуваат шокот предизвикан од втората блокада, особено во секторите за малопродажба и рестораните. Трговијата на мало, која беше прекината од 7 ноември, забележа пад на прометот од 38,5 проценти во ноември во споредба со ноември претходната година.
Угостителството, кое е суспендирано од 3 ноември, забележа пад на прометот за 54,1 отсто во ноември во споредба со истиот месец во 2019 година.
Покрај тоа, податоците покажуваат дека грчките компании забележале вкупен промет од 193,84 милијарди евра во првите три квартали од 2020 година, во споредба со 228,68 милијарди евра во соодветниот период во 2019 година – разлика од 34,84 милијарди евра.
Вкупниот промет во третиот квартал на 2020 година изнесува 69,80 милијарди евра во споредба со 82,91 милијарди евра во третиот квартал од претходната година – пад од 15,8 проценти. Ова намалување е значајно не само затоа што има дупка од 13,11 милијарди евра, туку и затоа што демонстрира силно влијание врз економијата и бизнисот, имајќи предвид дека во третиот квартал имаше само некои локални блокади и тие не беа многу долги.
Економија
Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.
Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.
Економија
Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд и снег во Битолскиот Регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода предизвикаа застој во подготовките за поместување на лентите кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.
ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.
„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира