Контакт

Економија

(Видео) Костадинов: Со ребалансот обезбедуваме средства за реализација на 19 капитални проекти

Објавено пред

„Парламентарното мнозинство го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година, поднесен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Со овој ребаланс обезбедуваме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони евра, за помош и поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од корона-кризата. Се грижиме за здравјето на граѓаните, се грижиме за работниците, работните места, платите, пензиите, компаниите, на секој што му е потребна помош и поддршка од државата“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Според него, покрај овој пакет, со ребалансот се финансираат и капитални, локални проекти важни за граѓаните ширум земјава.

„Како одговорна партија СДСМ покажуваме дека и во време на сериозна светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво. Со ребалансот обезбедувме пари за 19 проекти во десетици општини низ државата. 120 милиони денари обезбедуваме за реконструкција на Универзалната сала во Скопје, 20 милиони денари обезбедивме за изградба на систем за водонсабдување во општина Чаир. Со 7 милиони денари се финансира реконструкцијата на спортската сала ‘Соколана’ во Куманово. 6 милиони денари се предвидени за имплементација на препораките на УНЕСКО за општина Охрид, а предвидени се и средства за санација на колекторскиот ситем на Охридксото Езеро.

Со 5 милиони денари преку ребалансот се финансира почетокот на изградбата на клучка кај Момин Поток во општина Карпош, а во истата општина ќе се финансира и почеток на изградбата на мост за што се обезбедени нови 4 милиони денари. 10 милиони денари се за изградба на канализациска мрежа во општина Сарај, а со 7.5 милиони денари ќе се финансира нов систем за водоснабдување во општина Тетово. Обезбедени се пари за проекти и во Кочани, Маврово Ростуше, Валандово, Кичево…СДСМ е посветена на реализирање проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува“, додаде тој.

Економија

Заев од Штип: Вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство

Објавено пред

Обезбедуваме поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство, истакна премиерот, Зоран Заев, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ремзи Абдулахи, денеска ги доделија првите договори за поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство.

Заев истакна дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех и дека пандемијата со вирусот Ковид-19 уште повеќе ја нагласила потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

„Чест ми е што денеска сме во Штип за да ги доделиме првите договори за поддршка до 20 илјади евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на сите млади земјоделци, севкупно 265 апликанти кои одлучија да инвестираат во оваа значајна економска гранка. Вкупната вредност на оваа мерка е 190 милиони денари или 3,1 милиони евра. Сите одобрени апликации добиваат до 20 илјади евра неповратни средства за реализација на предложените инвестиции, за разлика од минатата година кога износот беше помал до 10 илјади евра“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека цел на оваа мерка е да се поттикнат младите луѓе да останат во земјата и да ги реализираат инвестициите за модернизирање на земјоделските стопанства, што значи намалување на производните трошоци и зголемување на конкурентноста.

„Само со вложување во младите може да влијаеме на одливот на кадар и миграција село – град, да се инвестира во земјоделството и да се отвораат нови работни места. Дополнително поттикнува тоа што согласно апликациите има многу креативни и интересни идеи за развој на нови бизниси во агро – секторот кои ќе бидат менаџирани пред се од млади до 40 години. Согласно договорите инвестициите ќе бидат насочени за набавка на пчеларска опрема, молзни системи, млинови, современа опрема за фарми, собирачи за лешници, бадеми, апарати за тресење на сливи и слично“, објасни премиерот Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа им честита на сите млади земјоделци и им порача да продолжат да и веруваат на својата држава, посакувајќи им храбро, со ентузијазам и домаќински да ги вложуваат парите и да ја дуплираат нивната вредност преку своето производство.

„Минатата година, преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, која се однесува на младите земјоделци до 40 години, финансиската поддршка изнесуваше 10. 000 евра. Со измената на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка е зголемена за 100% и сега изнесува 20.000 евра. Мерката го поддржува поттикнувањето на земјоделското производство на земјоделски стопанства чии носители се млади земјоделци“, заклучи министерот Хоџа и додаде дека целта е што повеќе младите да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство со тоа што ќе обезбедат добри услови и поддршка од државата за нивната иднина да ја градат тука, во нашата земја.

Владата, министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми за развивање на домашниот агро-сектор.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими:Независни ставови и поголема контрола на јавните финансии со воспоставување на Фискален совет

Објавено пред

Поголема контрола и обезбедување независни, објективни и професионални ставови за буџетот и фискалната стратегија ќе обезбеди Фискалниот совет кој е предвиден да се формира со новиот закон за буџети. На јавната расправа за овој закон, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека советот ќе се избира од страна на Собранието и дека ќе станува збор за независни експерти од областа на јавните финансии, макроекономија или економија.

Бесими посочи дека во законското решение се предвидува за 3 члена од независното тело предлози да дадат од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка. Мандатот на членовите на Фискалниот совет е 6 години без право на реизбор.

Инаку со новиот закон за буџети, се предвидува и поставување на фискални правила, односно лимити на јавниот долг и на дефицитот и на тој начин, повторно зајакнување на контролата во јавните финансии.

Покрај зајакнување на контролата, новиот системски закон за буџети предвидува и зајакнување на планирањето преку воведување на среднорочно буџетирање и Интегрираниот систем за управување со јавните финансии ИФМИС, преку кој ќе следи извршувањето на приходите и расходите од нивно планирање до конечна реализација.

Во однос на транспарентноста, преку зголемување на квалитетот и квантитетот на финансиските извештаи ќе се зајакнува фискалната транспарентност. Со новиот закон за првпат се воспоставува Регистар на јавни субјекти, кој ќе биде јавно достапен и во него ќе бидат евидентирани сите правни субјекти основани директно или индиректно од страна на државата или на општините. На тој начин ќе се обезбеди сеопфатност и транспарентност за сите јавни субјекти независно дали се на централно или на локално ниво.

Предлог-законот за буџети беше даден за коментари на ЕНЕР, а вчера се одржа јавна расправа на која покрај министерот за финансии учествуваа и претставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации,и на која беше дискутиран законот и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев со заменик-претседателката на Европската инвестициона банка: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Објавено пред

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, се сретна со заменик-претседателката на Европската инвестициона банка, Лилјана Павлова и со секторски претставници на ЕИБ.

На средбата е изразена подготвеност за натамошна поддршка на нашата држава од страна на Европската инвестициона банка, во делот на значајните стратешки и домашни проекти. Констатирано е дека досегашната соработка е само почеток на експанзивната соработка помеѓу нашата држава и ЕИБ.

На состанокот беше разговарано околу определеноста кон значителен напредок на стратешки важните проекти за државава, како што се следната фаза на патното регионално поврзување во рамките на проектот Коридор 8 и проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција и на домашен план кон вложувања во здравствениот сектор, во делот на зелената агенда и енергетската ефикасност, водоснабдувањето. Разгледани се можности за поддршка на проекти во здравствениот сектор, за дигитализација на училиштата, во делот на зајакнувањето на институционалните капацитети и засилувањето на ефикасноста на имплементацијата на започнатите проекти, во реализацијата на Планот за економски раст. Станува збор за области каде што ЕИБ е веќе вклучена со поддршка или може да се вклучи, преку усогласување со поддршката што ќе ја добие нашата држава во рамките на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, од Европската комисија.

„Посветени сме силно на европската агенда. Унапредувањето на регионалната инфраструктура значи можност за подобро инфраструктурно поврзување на нашата држава со регионот, но и меѓу државите во регионот, што значително влијае и на унапредувањето на политичката соработка. Подеднакво важна е и поддршката што ја добиваме во делот на унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните дома“, рече премиерот Заев.

Министерот Бесими посочи на важноста од поддршка во делот на Планот за развој на економијата во нашата држава.

Премиерот Заев и министерот Бесими нагласија дека Владата фокусирано работи на овозможувањето услови за функционирање на граѓаните на државата во време на пандемијата, но презема чекори и за постпериодот со цел поефикасно заздравување и развој на економијата и дека во тие процеси многу значи соработката со ЕИБ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Регистрирани 984 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11,...

Македонија6 часа

Маж од Дебар е нова жртва на измамниците со купопродажба на автомобили

Во последно време зачестени се кривичните дела – измами при купопродажба на патнички моторни возила. Четириесет и двегодишен маж од...

Македонија6 часа

Заев: Нема дилми во употребата на придавката „македонски“

Придавката „македонски“ е употреблива насекаде низ светот. Таа е идентитетска, и нема дилеми во нејзината употреба. Ова го изјави премиерот...

Македонија7 часа

Мицкоски: Заев преговара за идентитетот, ќе му се случи народ

Зоран Заев преговара за идентитетот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешните протести, од каде му порача на премиерот...

Македонија7 часа

Вкупно во Македонија се хоспитализирани 1.326 пациенти со коронавирус

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија8 часа

Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во...

Топ8 часа

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на Партизанска

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случи на булеварот Партизански одреди, во близина на...

Македонија11 час

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет12 часа

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија13 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува едната страна да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија13 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија14 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија1 ден

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија1 ден

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија1 ден

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија1 ден

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија1 ден

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа1 ден

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија1 ден

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Досие