Економија
(Видео) Лазаревска: Буџетот на МОН за 2021 е зголемен 1,1 милијарда денари

Буџетот на Министерството за образование и наука за 2021 година е поголем 1,1 милијарда денари, при што најголем дел од овие средства е насочен директно за подобрување на образовниот систем, изјави пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.
„Капиталните инвестиции за 2021 година се предвидени на една милијарда денари, што е два и полпати повеќе во однос на 2020 година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за речиси 100.000 ученици. Следува реконструкција на основни и средни училишта, изградба на спортски сали во училиштата, како и реконструкција на студентски домови. Буџетот за следната година обезбедува и поголема инклузивност. 54 милиони денари се наменети за ангажирање образовни асистенти, со што овозможуваме секое дете да го развие својот потенцијал преку креирање инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на учениците“, рече таа.
Во однос на ученичкиот и студентскиот стандард, додаде Лазаревска, веќе од декември следува нова динамика на редовна месечна исплата на студентските и ученичките стипендии.
„Со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти, како и почнување на исплатата на бесплатен студентски оброк, им го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на речиси 50.000 млади лица“, изјави Лазаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Заев: Повеќе од 30 проценти од произведената енергија е од обновливи извори

Триесет проценти од произведената енергија е од обновливи извори на енергија и тука сме блиску до европскиот просек, истакна премиерот Зоран Заев.
„Со инвестиции во обновливи извори на енергија имаме основани причини дека ќе постигнеме повеќе од 50% на севкупното производство на енергија да бидат од обновливи извори на енергија“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на тема енергетика.
Според него, целосното прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производство на енергија со обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во државата.
Заев потсети дека сериозни капацитети и ресурси се насочени кон оваа дејност и, како што додаде, тоа се најголемите инвестициски потенцијали што во моментов се случуваат ќе се случуваат во следните години.
Премиерот Заев објасни дека најбрза инвестиција за најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливите извори на енергија.
„Овде спаѓаат фотоволтаиците, за кои во моментот најмногу се инвестира. Сакам да знаат граѓаните дека тие не одат веќе со фидинг тарифи, ниту со премиум тарифи, туку одат слободни на пазар. Вториот аспект се ветерниците во државата, каде се постави инвестиција вредна преку 500 милиони евра. Издадовме три лиценци за коишто се извадени веќе одобренија за градба, односно 30 мегавати во Богданци, 36 во Свети Николе и во Демир Капија уште 30-тина мегавати, значи некаде околу 100 мегавати се произведуваат само преку ветерници“, рече премиерот.
Заев истакна дека очекува тендерот за Чебрен да биде успешен поради добрите услови кои ги дава државата за обновливи извори на енергија.
Економија
(Видео) Димитриеска-Кочоска: Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство е задолжено со 2.400 евра

Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство за една година е задолжено со 2.400 евра плус камати, обвини Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е помината ни една година од првото затворање на економијата и прогласување на пандемијата, а Македонија е задолжена со над 1 милијарда и 150 милиони евра нов нето-долг. Или едно четиричлено семејство има нов долг за една година од речиси 2,400 евра плус камати. Повторувам 2.400 евра плус камати ќе врати едно четиричлено семејство за една година. Секој може да пресмета и да процени колку доби изминатава година, а колку ќе треба да враќа. Затоа што треба да ни е јасно на сите дека тој долг е наш, на сите нас, но и на нашите поколенија и сите заедно ќе го враќаме“, рече таа.
Дека народот е исплашен, додаде Димитриеска-Кочоска, дека нема пари, дека нема доверба во оваа Влада за подобро утре, покажуваат и податоците од Државниот завод за статистика за БДП за 2020 година, кои беа објавени пред некој ден.
„Приватната потрошувачка во 2020 година е намалена 5,6 % на годишно ниво, а само во последното тримесечје на годината 4,3 %. Уште повеќе загрижува податокот за бруто-инвестициите, кои во 2020 година се намалени 10,2 % во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година – 13 %. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции. Напоменувам, падот на бруто-инвестициите во 2020 година е повисок од оној што го имавме за време на воениот конфликт во 2001 година кога беше 6,1 %“, рече таа.
Економија
Комората на сметководителите повторно бара поместување на роковите за финансиски извештаи

Комората на сметководителите повторно бара поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји.
Анкетата што ја направила Комората на сметководителите меѓу своите членови покажала дека речиси 65 отсто од сметководителите биле заболени од Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството.
Во такви услови, велат од таму, јасно е дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука роковите за поднесување завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија.
„Сумарните бројки покажуваат дека дури 64,8 % од сметководителте се изјасниле дека се соочиле во сериозно нарушување на текот на работењето поради вирусот. За какви статистички податоци кон Европската Унија зборува министерот кога поради нивната игнорантност, со години целата професија тивко умира и просекот на возраст на лицата во професијата е над 50 години“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководителите.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“