Економија
(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа и да има жртви на процесот на реорганизација на јавната администрација. Тој денес на средба со претставниците на синдикатите разговарал за пет модели на можна реорганизација на вработените во јавната администрација.
„Едниот предлог е трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите. Потоа, пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, во согласност со потребите што ни ги доставиле претставниците на приватниот сектор, стопанските комори и Агенцијата за вработување. Третиот пакет е испратнина по своја волја на вработени што сакаат да го напуштат јавниот сектор. Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби и внатрешна реорганизација. Се зборуваше и за некој вид јавни приватни партнерства, ова е предлог што доаѓа од другите партнери на овој дијалог и треба дополнително да се разработи“, изјави Манчевски.
И покрај генералното мислење во јавноста дека вработувањето во јавната администрација е најпосакувано, министерот Манчевски тврди дека луѓето секојдневно своеволно ги напуштаат своите работни места мотивирани од покачувањата на платите во приватниот сектор.
Според Манчевски, овој процес на анализа за реорганизација на јавната администрација е нешто што се случува првпат во последните 30 години и затоа е потребна искрена намера од сите фактори за јавниот сектор да стане поефикасен.
Манчевски изјави дека новиот предлог-закон за организација на органите на државната управа ќе ѝ се предложи на јавноста на почетокот на февруари.
Денешната средба е остварена кога Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) пред неколку дена побара од министерот Манчевски да не форсира трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
Министерот Манчевски минатата година најави реорганизација и укинување на некои институции и намалување на трошоците на администрацијата по што следуваа многубројни реакции од јавноста.
Искра Манојлоска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.