Економија
(Видео) МЗШВ потпиша четири нови проекти на ФАО
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потпиша четири нови регионални проекти на ФАО во вкупен износ од 1,5 милион американски долари.
„Овие проекти се голем придонес кон решавање на актуелните прашања во регионот и подобра координација во справување со заедничките проблеми. Приближувајќи ги иновативните меѓународни практики и глобалните стандарди, ФАО во наредниот период ќе ни помогне да ги оствариме целите предвидени во стратешките документи, како и законските обврски, и успешно да ги спроведеме мерките во програмите за поддршка на земјоделството и руралниот развој“, изјави Николовски.
Првиот проект е насочен кон подобрување на контролата на штетници на растенија и системот за фитосанитарна сертификација и предвидува низа специјализирани обуки за сите чинители во фитосанитарниот систем.
За вториот проект, итно справување со африканска свинска чума на Балканот, е многу важно навременото вклучување на Република Македонија како дел од регионот каде што се појави оваа сериозна болест.
Третиот регионален проект со кој ќе се развива стратегија за намалување загуби и отпад од храна доаѓа во вистинско време и се совпаѓа со еден од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.
Последниот проект е во областа на рибарството и аквакултурата и овозможува помош во креирањето на политиките во рибарството преку согледување на моменните состојбите, процена на постојните практики, нивна усогласеност со добрите меѓународни практики и нивен понатамошен развој.
Почнувањето на овие проекти е планирано во првите месеци од 2019 година.
Во јули годинава Република Македонија ја потпиша програмската рамка со Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) за периодот 2018 – 2020 година, со која се поставуваат приоритетните области за Владата на Република Македонија.
Станува збор за три приоритетни области кои се во насока на зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини преку одржлив рурален развој и јакнење на капацитететите за одржливо управување со природните ресурси и приспособување кон климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

