Економија
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите

Жителите од неколку струмички села даваат јавна поддршка на отворање на мега проектот „Рудник на можности“ и заедно со инвеститорот „Еуромакс ресоурцис“ подготвија куси видеа во кои зборуваат зошто на регионот му е потребен силен инвестициски проект, каков што е рударскиот комплекс Иловица – Штука. Повеќето жители потекнуваат од селата кои се наоѓаат во близина на локацијата каде што ќе се развива проектот Иловица и Штука, но дел се и од соседните села Босилово, Турново, Еднокуќево и Секирник, како и од соседна Струмица.
Кај младите соговорници забележително е дека веруваат оти со отворање на планираниот комплекс ќе запре иселувањето на населението од југоисточниот дел на Македонија.
„Ако се отвори рудникот останувам тука, ако не и јас чекам бугарски пасош и бегам за странство“, вели Томе Митров, жител на Штука. Бошко Јованов од соседна Иловица вели дека не би сакал да се одвои од семејството и да замине во странство: „Ако може тука да се инвестира, тоа ќе биде за сите нас, за да биде подобро“. Александар Божинов, жител од Босилово, вели „повеќето млади од Босилово сме на став да се отвори рудникот“.
И нивните постари соседи веруваат дека итно е потребна силна инвестиција којашто ќе влијае да се подобри животниот стандард и да се намали иселувањето на младите.
„Луѓето се обидоа сè, и мајстори, занаетчии и земјоделци, сè. Не бива и бараат спас во други држави. Ни таму не им е лесно, ама тука се чувствуваат несигурни, страв им е да формираат фамилии“, дополнува Ѕвонко Ичев, жител од Иловица.
Дел од жителите веруваат дека странскиот инвеститор, заедно со неколку големи домашни инвеститори ќе помогнат да се унапредат работничките права на жителите во околината.
„Те ценат како работник, минимална плата е 500 евра и се работи по 8 часа од понеделник до петок“, вели Аргир Јанев, жител на Штука.
„Од лично искуство може да кажам дека има условите за работа, обезбедената заштита за работа, бенефитот и солидната плата каква што во околината на Струмица нема и ако не се сменат работите ќе нема во догледно време. Најголемата инвестиција е жално и трагично да биде запрена“, вели Жарко Ристов, жител на Струмица.
Заедничко за сите соговорници е очекувањето дека ќе се подобри инфраструктурата во местата каде што живеат.
Погледнете го колажот изјави од повеќемина жители кои веруваат дека на регионот му е потребна силна инвестиција која ќе го подобри живеењето во селата во општините Босилово, Ново Село, Василево, во Струмица и пошироко.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.