Контакт

Економија

(Видео) Од март до декември 125 компании добиле државна помош, а не исплатиле плати

Објавено пред

За вкупно 125 компании кои од март до декември добиле финансиска помош за исплата на плати од државата во висина од речиси два милиони денари се поднесени кривични пријави од Управата за јавни приходи до Основното јавно обвинителство, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Контролите кои УЈП ги врши во координација со Државниот инспекторат за труд а се однесуваат на злоупотреба на финансиските средства што државата ги обезбеди за помош на компаниите за исплата на плати покажале дека најмногу злоупотреби има во компании од Скопје, потоа од Тетово и од Гостивар.

Најчесто станува збор за фирми кои се занимаваат со трговска дејност, градежништво, угостистелски услуги, транспорт и текстил.

„Со контролите што ги спроведуваме го намаливме бројот на компаниите кои ги злоупотребиле средствата односно даваме налог за присилна наплата и насочување на средствата за исплата на платите на вработените. За компаниите кои не ги исплатиле платите а земале средства од државата се поднесени и кривични пријави до ОЈО“, рече Лукаревска.

Највисокиот износ за исплата на плата по вработен што го добиле компаниите е 21.776 денари и се однесува на поддршка таму каде што намалувањето е 80 отсто.

До УЈП од март до декември минатата година на повикот за помош од последиците од Ковид-19 кризата се поднесени вкупно 13.851 барање. Контролите констатирале дека 596 работодавачи кои зеле помош за 2.421 вработен не ја исплатиле платата, но по пријавите овој број се намалил на 245 работодавачи. За нив се изготвени опомени и ако не извршат уплата на плата, со блокада на парични средстви ќе биде направен пренос кај вработените.

„Сите работодавачи кои користат финасиска поддршка за плати, со поднесувањето на барањето за април и мај имаат дадено изјава дека истите средства ќе бидат наменски искористени за работниците. Продолжуваме со контролите и сите оние кои и натаму ќе прават злоупотреби ќе треба законски да одговораат, а сите неплаќачи ќе бидат транспарентно јавно објавени“, рече Лукаревска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија3 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...