Економија
(Видео) Откупени над 15 милиони килограми тутун по просечна цена од 210 денари за килограм
Од вкупно откупениот тутун, 94 проценти веќе е исплатен кон тутунопроизводителите, а тоа се речиси 50 милиони евра, кои веќе се исплатени од страна на откупувачите кон тутунопроизводителите за целокупниот откупен тутун од оваа година, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, за време посетата на откупните пунктови за тутун во Скопскиот Регион.
„Очекуваме непречен откуп до исплаќање на целокупната откупена количина. Оваа година обезбедени се средства за навремена и целосна исплата на субвенциите на тутунопроизводителите, а тоа се околу 5 милиони евра повеќе пари од предходните години, кои државата овој период, односно со почетокот од минатата година, веќе ги обезбедува за тутунопризводителите“, изјави Николовски.
Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над 15,3 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 210 денари за килограм.
„Со ланската исплата на субвенциите од реколта што се исплаќаше ние исплативме 26.390 корисници. односно 28 милиони евра навремено, без селекција, во еден ден“, посочи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Директорот на ДИЗ, Благој Индов, рече дека процесот тече без големи проблеми.
„Постојано сме на терен на откупните пунктови и во фирмите за проверката на процесот со откупот. Досега немавме никакви проблеми. На неколку места се случија ситни интервенции и пријави за кои веднаш интервениравме и на задоволство на тутунарите тие се решија. Минатата недела имавме контрола кај сите откупувачи, каде што проверувавме како тече исплатата. Секаде оди нормално како што е договорено“, изјави Индов.
Во владина процедура влезе новиот Закон за тутунот и тутунските производи, кој предвидува укинување на евидентните листови или т.н. бели картони, кои за реколтата од 2019 година ќе се спроведат како пилот.
Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали бирократските процедури за тутунарите на начин што тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на приспособување кон европските стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор помеѓу Македонија и Србија: ќе се испитува можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија склучи Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Министерството за рударство и енергетика на Република Србија, во просториите на Владата.
Гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија е означен како Водечки проект за енергетиски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.
Со меморандумот се предвидува испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас. Во рок од 9 месеци ќе се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу државите.
Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе превземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија.
Економија
Зголемување на цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,108 ден/кг и сега ќе изнесува 42,780 ден/кг.
Економија
Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови
Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се приспособат на бавниот економски раст и високиот долг бидејќи ова е светот во кој моментно живееме, изјави денеска претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на конференцијата за одржливост во Хамбург.
Според неа, тоа значи дека реформите што придонесуваат за раст, подобрување на инвестициската клима и напредок на пазарот на трудот треба безмилосно да се одложат.
„Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на своите членки да ги спроведат неопходните реформи, со што овие земји ќе имаат потенцијал да го зголемат растот на БДП во текот на четири години за осум отсто“, додаде Георгиева, пренесува „Танјуг“.
Конференцијата беше отворена со говорот на германскиот канцелар, Олаф Шолц.