Економија
(Видео) Сугарески го презентира предлог-буџетот за транспорт и врски за 2019 година
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, го презентира буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2019 година. За време на прес-конференцијата Сугарески потенцира дека буџетот за 2019 година е развоен, креиран во насока на задоволување на потребите на граѓаните и стимулирање на економскиот раст на државата, во кој речиси 90 отсто од проектираните средства се расходи наменети за капитални инвестиции.
Вкупниот буџет на Министерството за 2019 година изнесува 7 милијарди, 269 милиони и 985 илјади денари. Во делот на капиталните расходи предвидени се средства во висина од 6 милијарди, 419 милиони и 925 илјади денари, изјави Суграевски.
„Реализацијата на капиталните проекти е главен предуслов за економски раст на државата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. 2019 година за Република Македонија ќе биде година на крупни капитални инвестиции во патната, железничката и во комуналната инфраструктура, како и изградба на гасоводната мрежа“, истакна министерот Сугарески.
Повеќето од капиталните расходи се наменети за изградба на железницата кон Република Бугарија и модернизација на пругата на Коридорот 10, вели тој.
„Во делот на изградба и модернизација на железницата предвидовме 3 милијарди и 340 милиони денари или 2 милијарди повеќе во споредба со буџетот за 2018 година. Сакам да најавам дека в година ќе почнеме со изградба на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, а очекуваме и забрзување на изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце. Исто така, предвидовме 430 милиони денари за субвенции за „МЖ -Транспорт“, наменети за покривање на загубите од превозот на патници“, вели Сугарески.
За изградба на гасоводната мрежа, пак, предвиден е буџет во висина од 1 милијарда и 557 милиони денари или 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година, посочи министерот и додаде дека очекува засилени градежни работи во текот на 2019 година со оглед на тоа дека веќе се надминати сите спорни моменти со изградбата на гасоводот на Водно.
Сугарески исто така истакна и дека в година за изградба на канализации и водоводи преку проектот од Европската инвестициска банка предвидени се 590 милиони денари. Околу 288 милиони денари се предвидени за изградба и реконструкција на водоводите во Гостивар, Кавадарци, Радовиш и во Гевгелија во соработка со банката КФВ и дека исто така в година, како што посочи министерот, ќе почне и проектот за изградба на водоводната и канализациската мрежа во индустриската зона Визбегово за што проектирани се 60 милиони денари.
Во буџетот за в година проектирани се средства во висина од 84 милиони и 210 илјади денари за финансиска поддршка за авиопревозници што ќе воспостават нови авиолинии за граѓаните, вели Сугарески.
Тој потенцира дека во текот на 2019 година ќе продолжи и изградбата на социјални станови за што се предвидени 310 милиони денари.
Веќе в година почнува нов проект за олеснување на трговијата на Западен Балкан за што се проектирани 62 милиона денари, посочи Сугарески за време на презентацијата на буџетот на Министерството и додаде дека ова е проект што ќе се реализира во соработка со Светската банка и опфаќа подобрување и опремување на граничните премини, мониторинг и безбедност на патниот Коридор 10 и други активности што ќе помогнат за меѓуграничната соработка на земјите од регионот. Вкупната вредност на целиот проект изнесува 30 милиони американски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

