Економија
(Видео) Шахпаска: Воведуваме загарантиран минимален приход и семеен пакет на права значително поголеми од досегашните
Градиме фер и социјално праведно општество на еднакви граѓани. Со реформите на системот на социјална заштита и мерките во буџетот за 2019 обезбедуваме сериозно зголемување на расположливиот доход во семејствата, социјална праведност и подобар живот за сите граѓани, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.
„Воведуваме загарантиран минимален приход и семеен пакет на права во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица. Примателите на социјална помош добиваат зголемен приход и до 300 отсто“, истакна Шахпаска.
Истовремено, како што рече, им се олеснува пристапот до надоместокот на 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства. Како што додаде таа, се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.
„Новиот систем на социјална и детска заштита има цел најголема помош да им се даде на најранливите категории сограѓани. Неговото спроведување ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани, но и на децата од сиромаштија. Паралелно со ова, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на овие категории граѓани на пазарот на труд“, наведе Шахпаска.
Воведувањето и спроведувањето на реформираниот систем на социјална и детска заштита, според Шахпаска, во наредната година година значи обезбедување дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ, пари што ќе се вратат назад кај граѓаните.
„Ова, почитувани, се само некои од мерките во полето на социјалната заштита што имаат цел да ја унапредат социјалната праведност, но и трајно да извлекуваат од сиромаштија. Предлог-буџетот за 2019 набргу ќе влезе во собраниска процедура. Повикуваме на конструктивна дебата за натамошни подобрувања во интерес на граѓаните. Продолжуваме посветено да работиме на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, заврши Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

