Економија
(Видео) Black Friday во „Нептун“ – супер понуди, големи заштеди и до 60 рати!

Black Friday акција во НЕПТУН од 27ми ноември до 02-ри декември! Пристигнаа најголемите попусти во годината со супер понуди, големи заштеди и до 60 рати! За време на оваа голема акција потрошувачите ќе може да уживаат во шопингот! Во НЕПТУН продавниците ширум Македонија и онлајн на NEPTUN.mk потрошувачите може да најдат одлични понуди и најголем избор на производи од сите категории.
Со оваа акција во фокус се купувачите и целта e да заштедат повеќе со секоја купопродажба во НЕПТУН. Покрај големите заштеди на сите промо производи, членовите на широко познатата “Neptun haPPy” лојална програма добиваат и наградни поени кои подоцна може да ги користат за следна купопродажба.
За време на оваа акција потрошувачите во сите НЕПТУН продавници ќе може купуваат по одлични цени со големи попусти. Акцијата ги опфаќа сите категории и сите брендови. Тимот на НЕПТУН се погрижи промо производите да се најповолни за потрошувачите. Палетата на производи е за сечиј вкус, избрани се најдобри модели на: телевизори, најдобри компјутери, супер смартфони, гејминг опрема и гејмерски конзоли. Од бела техника, селектирани се и апарати за домаќинство кои изминатиов период се најпродавани во НЕПТУН продавниците. Со тоа опфатени се и најдобри понуди на фрижидери, плотни, фурни, машини за перење садови, машини за перење алишта, мали апарати за домаќинство, мали кујнски апарати и апарати за нега и убавина. За Black Friday во светот се најинтересни и најкупувани популарните смарт уреди и аксесоарите за нив, кои исто така се опфатени во оваа акција.
Генерално, акцијата ги опфаќа сите категории, и ги покануваме купувачите да дојдат во НЕПТУН продавниците и да се уверат во одличните цени и во убедливо најголемиот избор на производи.
Акцијата покрај што важи во сите 25-те НЕПТУН продавници ширум државава, важи и за купување онлајн преку веб сајтот NEPTUN.mk и NEPTUN мобилната апликација која е бесплатна и достапна на Play Store и App Store. Ги охрабруваме купувачите да купуваат и онлајн бидејќи може да ги користат истите бенефиции од Neptun – Happy лојалната програма како: користење на цените со попуст, стекнување на happy поени, избор на начин на испорака и многу други поволности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.