Контакт

Економија

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Објавено пред

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој корисник на апликацијата „Мој ДДВ“, но само за сума до 30.000 денари по поединец.

„Оваа мерка ќе опфати повеќе од 350.000 корисници. Лично јас се надевам да опфати и 500 илјади граѓани. Корисниците на апликацијата ’Мој ДДВ’, кои за време на продолжениот викенд ќе купат домашни производи и услуги и ИТ опрема најмногу во вредност до 30.000 по поединец, за само неколку дена ќе им биде вратен целиот износ на ДДВ за овие производи“, рече премиерот Заев.

Тој ги повика правните субјекти да направат разграничување на домашните производи и услуги и странските во фискалните каси за да може да се спроведе мерката.

Премиерот очекува со оваа мерка, која ја нарече инјекција за стопанството, да се направи вкупен промет од над 170 милиони, а проекциите стигнуваат и до 250 милиони евра. Кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра со проекција да стигнат и до 22,5 милиони евра.

Викендот без ДДВ, кој се реализира како дел од четвртиот сет мерки, Владата го најави на почетокот на мај како една од третиот сет мерки за помош на граѓаните по економската криза предизвикана од коронавирусот.

Најавите беа тој да се одржи кога ќе спласне епидемијата за да се избегнат евентуални негативни последици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Царовска: Дуалното средно образование е можност за добро вработување

Објавено пред

Министерката за образование, Мила Царовска, и претставници на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денес посетија средни стручни училишта во Велес и Кавадарци каде што се реализира дуално образование по германски модел и имаа работни средби со претставници на партнерските компании каде што се изведува практична настава.

Од ресорното Министерство информираат дека оваа учебна година дуално образование посетуваат вкупно 220 ученици. Од нив, годинава се запишани 85 ученици.

Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар.

„Практичното (дуално) образование е одличен начин младите уште во текот на средното образование да се насочат кон професии кои се барани од компаниите, но и да дознаат што значи работа во реални услови. На овој начин обезбедуваме поголема вработливост на младите кои го завршиле стручното образование. Дури и во вонредни услови во кои се одвива образовниот процес оваа година овозможивме учениците од средните стручни школи да ја продолжат практичната настава. Секако, таа се реализира под посебни протоколи, со кои се гарантира нивна заштита“, изјави министерката.

Во Велес, во ССУ „Коле Неделковски“ учениците се обучуваат во струката техничар за производно и машинство, а практичната обука се изведува во компаниите „Брако“ и „Маркарт“ . Во Кавадарци, во средното стручно училиште „Киро Спанџов-Брко“ учениците се обучуваат во струката техничар за индустриска мехатроника, а практичната обука ја извршуваат во компанијата „Дрекселмајер“.

Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Дуалното образование се реализира во Велес, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.

Прикажи повеќе...

Економија

МЖСПП: Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром

Објавено пред

Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентиот хром во Југохром, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување.

„Пречистителната станица за прочистување на загадените води со шестовалентен хром во околината на Јегуновце, поради дотраеност, во изминатиот период не работеше во полн капацитет. Поради исклучителното значење на прочистувањето на шестовалентниот хром и спречувањето на истекување или прелевање на загадената вода, Министерството направи дополнителни напори и одвои средства за покривање на трошоците за реконструкција на инсталацијата“, соопштија од Министерството.

Поставувањето на нови резервоари треба да заврши до средината на ноември.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка склучи договор со ЕЦБ за заштита на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено пред

Народната банка склучи договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова, велат од Народната банка, се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки.

Минатата година Народната банка склучи и договор со Европската комисија за соработка во сферата на заштитата на кованите евра од фалсификување.

Со договорот потпишан од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, е предвидено ЕЦБ, на барање на Народната банка, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и информации поврзани со фалсификуваните банкноти во евра. Врз основа на овие информации, отсега Народната банка ќе може полесно да ги класифицира регистрираните фалсификати на територијата на нашата земја. Истовремено, предвидено е Народната банка да испраќа редовни месечни извештаи до ЕЦБ со коишто ќе ја известува за сите регистрирани фалсификувани банкноти во евра откриени на територијата на нашата земја.

„Преку ваквата соработка се овозможува Народната банка уште повеќе да придонесе во справувањето со фалсификувањето на еврото, како централна банка партнерка на ЕЦБ. Со тоа се создава простор нашата централна банка дополнително да ја потврди не само својата определба, туку и својата подготвеност да биде конструктивен член на европското централнобанкарско семејство и да дава уште поголем придонес за јакнење на европската макрофинансиска стабилност“, соопштија од Народната банка.

Со склучувањето на договорот со ЕЦБ се заокружува рамката на соработката во однос на заштитата на еврото. Истовремено, Народната банка засилено работи и на унапредување и усогласување на правната рамка и на методологијата на системот за борба против фалсификувањето на еврото, согласно со најдобрите европски искуства и практики.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион3 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет3 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија4 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет4 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија5 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет18 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија20 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ21 час

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија22 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет23 часа

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија23 часа

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 ден

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 ден

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет1 ден

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија1 ден

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Досие