Економија
Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во прво полугодие и покрај кризата

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид Ковид-19 кризата, соопшти Министерството за финансии.
Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44%.
Повратот на ДДВ кон фирмите во услови на корона-кризата е од големо значење, заради зачувување на ликвидноста на стопанството, а со тоа и поттикнување и поддршка на економската активност.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вчера, презентирајќи го извршувањето на буџетот за првото полугодие од 2020, истакна дека приоритет за Министерството е да ги сервисира сите свои обврски редовно и навремено.
„Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на буџетот, без застој, во законски утврдените рокови: вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарување кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на ДДВ кон фирмите. Тука се и мерките за Ковид, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционираните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Останува обврската и одговорноста на државата да ги обезбеди и испорачува јавните добра и услуги до сите, особено сега, во овие тешки времиња“, рече Ангеловска.
Инаку, минатата 2019 година фирмите добија поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година или дури 44% повеќе во однос на 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Општините за украсување за Нова година потрошиле 405 илјади евра

За украсување за Новата 2021 година, општините потрошиле 40 % помалку пари од лани, а новогодишни пакетчиња купиле 56 институции. Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.
За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е сепак за 40 % помалку од лани. Од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.
За разлика од дочекот на ланската година кога тендери за украсување имале Градот Скопје и седум скопски општини, за дочекот на оваа година тендери имале Градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.
И годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми – Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда. Новогодишни пакетчиња за 2021 година купиле 56 институции. 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.
Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Економија
Бесими-Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада.
На средбата, министерот за финансии ја запозна амбасадорката со концептот на СМАРТ финансии, во насока на зајакнување на планирањето, како и следењето на реализацијата на мерките кои се преземаат и нивниот импакт врз економијата и општеството. Министерот ги претстави и реформите кои се прават од аспект на буџетот и неговото извршување, како и Интегрираниот систем на управувањето со финансиите – ИФМИС.
На средбата стана збор и за изменувањето на Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал со Швајцарија со Протокол, согласно правилата на ОЕЦД, во насока на зајакнување на одредбите од постојната спогодба, фер даночен третман и поголема даночна транспарентност.
Министерот и амбасадорката дискутираа и за досегашната соработка помеѓу двете земји на економски план, како и искуствата за справување со последиците предизвикани од пандемијата Covid-19. Министерот за финансии посочи дека очекувањата за нашата економија за годинава се стабилизација и закрепнување. Преземените антикризни мерки и мерките кои допрва ќе се преземаат ќе придонесат за тоа, а се очекува и со слабеењето на кризата, довербата на инвеститорите да расте, како и забрзување на економската активност во целина.
Швајцарија е наш партнер за реформските процеси во земјава во областите на транспорт, животна средина, економски развој и демократско управување преку голем број на проекти кои се реализираат и кои допрва ќе се реализираат во земјава. Беше изразена подготвеност за поддршка на нови проекти кои ќе придонесат за подобрувањето на стандардот и демократско владеење.
Економија
(Видео) Маркоска: Исплатени околу 48 милиони евра за поддршка на плати во последниот квартал

Во последниот кавртал од 2020 речиси 48 милиони евра се исплатени за поддршка на исплата на плати, информираше на прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
Таа вели дека и во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажала дека се грижи и застанува зад секој поеднец и компанија која има потреба од помош.
„1,2 милијарди евра преку четири пакети економски мерки завршија директно кај граѓаните, кај компаниите. Една од најзначајните мерки од овие пакети е финансиската поддршка за исплата на плати за работниците вработени во компании погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Со оваа мерка спасивме стотици илјади работни места и помогнавме десетици илјади компании. Според јавно објавените податоци, во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари, односно близу 48 милиони евра. Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании. Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени“, рече Маркоска.
Како што најави, во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да почне наскоро со цел да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома