Економија
Владата ја укина царината за увоз на медицински материјал

Владата донесе Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал согласно Задолжението број 15 од Петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 20 март 2020 година и Задолжението број 13 од Шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 21 март 2020 година, а во врска со ослободување на царинските давачки за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал што се увезува во Република Северна Македонија.
Одлуката има за цел да се надминат евентуалните негативни последици, т.е. нарушувања на пазарот во земјата, во однос на снабденоста со овие стоки, како резултат на прогласената пандемија на коронавирусот Ковид-19 од страна на Светската здравствена организација и преземените рестриктивни мерки од страна на одделни земји во вид на ограничување на извозот на овие производи.
На оваа седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
Според оваа Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 70 од 19.03.2020 година), во членот 1 на оваа одлука по зборовите „и дезинфекциски средства“ се дополнува со зборовите „потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати”.
По ставот 2 на овој член се додава нов став 3, кој гласи: „По исклучок од ставот 2 на овој член, за производите чија увозна цена е повисока од највисоката цена што се применувала на 11 март 2020 година, треба да се користи трговската маржа утврдена до 11 март 2020 година”.
Во членот 2 на оваа одлука зборовите „ќе се применуваат до 30 април 2020 година” се менуваат и гласат “ќе важи до завршување на периодот на постоење вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.