Контакт

Економија

Владата: Просечната нето-плата во август се зголеми 11,3 отсто и достигна 31.871 денар

Објавено пред

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во август 2022 година изнесува 31.871 денар, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

dobivaj vesti na viber

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август годинава се должи, пред сè, на растот на платите во секторите: преработувачка индустрија (16,2 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари.

И во следниот период Владата продолжува со креирање мерки и амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза.

Економија

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Објавено пред

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но тврди дека тоа нема да влијае на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот Дмитриј Песков рече дека Русија се подготвува како да одговори на овој потег.

„Русија и руската економија ги имаат потребните капацитети целосно да ги задоволат потребите и барањата за специјална воена операција“, рече Песков на прашањето дали ограничувањето на цената ќе влијае на воената кампања на Русија во Украина.

Тој додаде дека ограничувањето на цените „целосно ќе ги дестабилизира“ глобалните енергетски пазари и им порача на Европејците да се подготват за повисоки цени.

Глобалната цена на референтната сурова нафта „брент“ порасна за 1,7 отсто, на 87,01 долар за барел, по потегот на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Економија

Ковачевски: Стабилно и зголемено домашно производство на храна со новиот предлог-буџет за земјоделство

Објавено пред

Стабилно и зголемено домашно производство на храна со новиот предлог-буџет за земјоделство. Вака претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го презентираа новиот предлог-буџет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски посочи дека следната година секторот земјоделство го има најголемиот буџет за земјоделство со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање и тој преставува основа за понатамошен развој на земјоделството.

Вкупниот предлог-буџет за 2023 за поддршка на земјоделството, во којшто се опфатени сите институции кои учествуваат во развојот на овој сектор, е во износ од 193 милиони евра, што претставува зголемување за 45 милиони евра споредено со 2022. Вака проектираниот, вели Ковачевски, треба да обезбеди сигурност, стабилност и основа за развој на земјоделството, што крајно ќе влијае на вкупниот економски раст.

Најголем дел од средствата се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде што има и најголемо зголемување. Во 2023 година Агенцијата ќе располага со 140 милиони евра од кои 114 милиони евра се наменети за исплата на субвенциите и спроведување на најголемата реформа во земјоделството.

Премиерот посочи дека предлог-буџетот за земјоделство за 2023 година е развоен, базиран на мерки за поддршка на земјоделците, антикризни мерки за одржливо и зголемено домашно производство на земјоделски производи и храна во услови на криза, капитални инвестиции и модернизација на земјоделството на среден и на долг рок.

 

Прикажи повеќе...

Економија

ДУИ: Во буџетот за 2023 година се предвидени 250 милиони евра за Коридорот 8

Објавено пред

Од Демократската унија за интеграција информираат дека капиталните инвестиции во буџетот за 2023 година се предвидени да бидат 800 милиони евра, развоен буџет или процентуално 52,3 отсто повеќе капитални инвестиции во однос на годинешниот буџет.

dobivaj vesti na viber

Капиталните инвестиции се насочени кон инфраструктурни проекти во земјата, но и кон поврзување со земјите од регионот кои ќе обезбедат побрз економски раст и развој, подобри услови за развој на локалните компании и странски инвестиции, вклучувајќи подобар развој на бизнисот, инвестиции во капитални проекти во здравството, образование, инфраструктура, земјоделство, заштита на животната средина, гасификација и енергетика.

Демократската унија за интеграција оценува дека во ова време на криза капиталните инвестиции ќе обезбедат подобра иднина и животен стандард за сите граѓани. Со одговорно управување и спроведување, капиталните инвестиции ќе обезбедат понепречена транзиција кон закрепнување и развој на економијата.

– Со интензитет продолжуваат работите за изградба на 8-ми железнички коридор, 250 милиони евра за изградба на автопатските коридори 8 и 10-Д, рехабилитацијата на локалните патишта и изградбата на социјални станови во повеќе општини.

– Продолжува гасификацијата во повеќе делови од државата, минатата недела целосно беше завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија,

– Капиталните инвестиции во земјоделството продолжуваат да обезбедуваат раст на локалното производство, како и поддршка за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор,

– Во областа на здравството се предвидени капитални инвестиции како изградба и реконструкција на јавни здравствени установи и набавка на медицинска опрема, додека во областа на образованието, детската заштита и спортот, реконструкција на студентски домови, современа опрема и се предвидуваат реконструкции на универзитетите,

– Новиот буџет предвидува продолжување на реализацијата на инвестицискиот циклус во енергетскиот сектор, што треба да обезбеди зголемување на локалниот енергетски потенцијал,

– Главен приоритет во буџетот за 2023 година е заштитата на животната средина, вклучувајќи изградба на пречистителни станици, канализациски мрежи и воспоставување  регионален систем за управување со отпад и затворање на депониите во Источниот и Североисточниот Регион.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Економија1 час

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија2 часа

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија2 часа

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија2 часа

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет3 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија3 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија4 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа4 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија5 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет5 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет5 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија5 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија24 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион1 ден

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...