Контакт

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Државата се задолжи со нови 58,5 милиони евра

Објавено пред

Денеска државата се задолжи со 58,5 милиони евра, што е второ задолжување во април откако од почетокот на месецот Владата зеде 29 милиони евра, се вели во соопштението што попладнево го испрати опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, откако е дојден на власт, до денес земал над 1,65 милијарда евра кредити, а нивото на нето-долгот го зголеми 566 милиони евра. Задолжувањето не запира и од месец на месец е сè поголемо. Картелот ја лаже јавноста и го крие вистинскиот долг. Картелот крие дека нивото на државниот долг надмина 4 милијарди евра. Картелот лаже и ја манипулира јавноста и го крие овој податок од граѓаните. Картелот лаже дека нивото државниот долг е 3 милијарди и 958 милиони евра, а тој достигна 4 милијарди и 20 милиони евра“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека власта ја крие вистината за јавниот и државниот долг и манипулира со бројките и процентите.

„Картелот прикрива 85 милиони евра од јавниот долг и 62 милиона евра од државниот долг.
Јавниот долг изнесува 47,55 отсто, а државниот 39,32 отсто“, додава ВМРО-ДПМНЕ, која смета дека со ова темпо на задолжување државата запаѓа во долгови, кои во следните 20-30 години ќе бидат на товар на идните генерации.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Димковски: Целокупниот систем за наводнување ќе биде ставен во функција за новата сезона за сеидба на ориз

Објавено пред

Денеска во Кочани министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, одржаа работен состанок со земјоделци од Кочанскиот Регион.

На состанокот се разговараше за повеќе теми коишто се од интерес за земјоделците, односно состојбата со каналите за наводнување и одводнување, пристапните патишта до нивите, искористувањето на мерките од ИПАРД 2-програмата, справувањето со палењето на стрништата и друго.

Министерот Димковски посочи дека преку мерките од Програмата за рурален развој општините добија финансиска поддршка за капитални инвестиции во локалната патна и канализациска мрежа. Општина Кочани преку мерките од Програмата за рурален развој конкурираше со 3 проекти за инвестиции во изградба на локални патишта и улици, за што од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој доби финанасиска поддршка од 32,8 милиони денари. Дополнително, општината со уште еден проект конкурираше Центарот за развој на Источен Плански Регион за изградба на пристапен пат, за што доби финансиска поддршка од 13 милиони денари.

Во однос на годинешната седиба на ориз, Димковски потенцираше дека во моментов активно се чистат каналите за наводнување и одводнување.

„Како ресорно министерство заедно со општина Кочани веќе ги преземавме сите потребни активности во делот на каналите за наводнување и одводнување, со цел да бидат подготвени за годинешната сезона за сеидба на ориз. Очекуваме за една недела да се објави јавна набавка со која за подрууниците на АД Водостопанство, меѓу кои е и подружницата во Кочани, ќе се направи една голема набавка во вредност од 50 милиони денари, со којашто ќе ги обезбедиме потребите на подружниците за резервни делови, градежни материјали и сè друго што им е потребно, со цел целокупниот систем за наводнување да биде ставен во функција за новата сезона за сеидба на ориз“, изјави министерот Димковски.

Притоа Димковски посочи дека се разгледува можноста како да им се помогне на локалните самоуправи во делот со справување со палењето  стрништа.

Градоначалникот на општина Кочани, Илијев, потенцираше дека општина Кочани интензивно работи на реконструкција и изградба на пристапните патишта до нивите, особено до површините на коишто годинава ќе се сее ориз. И градоначалникот Илијев потенцираше дека се разгледуваат повеќе опции како локалната самоуправа да помогнеме во собирање на остатоците од посевите.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот поевтинува

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ остануваат исти, односно 68 и 70 денари за литар.

Дизелот ќе поевтини 1,5 денар и ќе биде 61 денар за литар. И цената на екстра-лесното масло за домаќинство ќе се намали 1,5 денар и ќе биде 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе се намали 2,539 денара и ќе се продава 37,885 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Воведена директна авиолинија Белград – Приштина

Објавено пред

Компанијата „Еуровингс“ ќе почне со директни авионски летови меѓу Белград и Приштина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави ваквата одлука велејќи дека ова е важен чекор што ќе го олесни и забрза протокот на луѓе и добра во регионот на Западен Балкан.

„Ја поздравувам одлуката од ‘Еуровингс’ да воспостави директни авионски линии помеѓу Белград и Приштина, засновано на писмата за намери потпишани денес во Берлин. Ова е важен чекор што ќе го олесни и забрза протокот на луѓе и добра во регионот на Западен Балкан. Командантот на нашата КФОР-мисија го задржува воениот авторитет за воздушниот простор над Косово во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. НАТО останува целосно инволвиран за време на долгорочниот процес за нормализирање на балканската авијација, кој ние го водиме“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија11 час

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија11 час

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија13 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија13 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет14 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија17 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија17 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ17 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет17 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет18 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија18 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет19 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет1 ден

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава1 ден

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион1 ден

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет1 ден

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија2 дена

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Досие