Економија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тера гола политика, со минимална или со просечна плата не може да се наполни потрошувачката кошница

Додека Димитар Ковачевски мести криминални тендери за изградба на коридорите 8 и 10д, додека државата губи над 40 милиони евра поради пропадната еврообврзница и неизграден клинички центар, СДС се фали дека ги покачиле минималната плата и пензиите, а граѓаните тонат во сиромаштија и беда. Над 500.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека само забегана, неспособна влада и трајно неспособен премиер како Ковачевски може да се фали дека има покачување на минималната плата во време кога државата се соочува со двоцифрена инфлација.
Според ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата во Македонија како резултат на неспособноста на Владата изнесува вртоглави 17,1 проценти и ја јаде вредноста на парите. На едно четиричлено семејство за еден месец, да ги задоволи основните животни потреби за храна, сметки за домување, облека, обувки и лекови, потребно му се 50.799 денари, што значи дека со една минимална или просечна плата во државата не може да се наполни ниту една потрошувачка кошница.
Во соопштението се вели дека Владата замрзна само неколку цени на прехранбените производи, а сите други цени стигнаа до плафон. И ова е задоцнета мерка, од која никаков бенефит немаат граѓаните.
Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, ако навистина СДС и Ковачевски водат грижа за квалитетот на живот на граѓаните, тогаш само со реален раст на платите и пензиите ќе го зачуваат стандардот на граѓаните.
СДС и Ковачевски тераат гола политика. СДС и Ковачевски не може да ја согледаат вистинската состојба. Ним единствен интерес им се криминалот и бизнис-зделките.
Што побргу заминат, толку подобро е за граѓаните и државата. Потребни се промени, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Аргентина е на раб од банкрот, проценува агенцијата Фич

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот на аргентинскиот долг во странска валута за два степена, оставајќи ја земјата едно ниво над банкрот.
Намалувањето на рејтингот на долгот сугерира дека агенцијата верува дека неплаќањето на долгот е „неизбежно“ и доаѓа набргу по декретот на аргентинската влада со кој локалните организации од јавниот сектор се принудени да го заменат својот долг деноминиран во странска валута со долг деноминиран во националната валута – пезоси.
Според податоците на Централната банка, Аргентина има бруто меѓународни резерви од нешто повеќе од 37,5 милијарди долари, но аналитичарите велат дека нето вредноста е значително помала.
Економија
Бугарските овчари и козари на протест против македонските јагниња

Националната асоцијација на одгледувачи на овци и кози од Бугарија најавува протест поради неконтролираниот увоз на јагнешко месо од Северна Македонија, се вели во дописот што го испратиле до тамошното Министерство за земјоделство.
Тие во протестно писмо до бугарскиот министер за земјоделство Јавор Генчев велат дека властите воопшто не се грижат за заштитата на бугарското јагне, како и за безбедноста на храната, а со тоа ја загрозуваат и безбедноста на нацијата.
„Две недели пред Велигден трговската мрежа е преполнета со јагнешко месо увезено од Северна Македонија. Тоа е производ што не е регулиран според европските барања за безбедност на храната. Ако до 28 март не се издаде наредба за построга контрола од бугарската Агенција за храна и ако увозот на јагнешко месо не биде вршен со почитување на европските критериуми за безбедност на храната (салмонела, неовластени фуржани компоненти, неовластени антибиотици, вакцинација), на 30 март бугарските одгледувачи на овци и кози ќе го блокираат граничниот премин Кулата со цел да ги заштитиме нашите интереси и нашата егзистенција“, пишува во протестното писмо во кое се предупредува на драстичното намалување на бројот на овци и кози што се одгледуваат.
Според претседателот на Асоцијацијата, Симеон Караколев, бугарскиот пазар е нарушен со увозот на 200 тони јагнешко месо од Македонија со цена под седум евра за килограм.
„Ако тоа продолжи, над 50 илјади бугарски јагниња ќе останат непродадени, а тоа ќе биде нов удар за бугарската сточарска индустрија“, вели Караколев.
В понеделник тие ќе имаат средба во ресорното министерство, а доколку не добијат цврсто ветување за итни мерки ќе ја реализираат својата најава за блокада на еден од граничните премини.
Економија
РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во кризата

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.
РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.
РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.
РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.
(ПР текст)