Контакт

Економија

„Волстрит“ останува без заштитниот знак – се преместува поради безбедност

Објавено пред

Бронзената статуа на бик поставена пред американската берза во Њујорк нареднве денови ќе биде преместена на побезбедна локација.

Статуата поставена на фреквентен дел од „Волстрит“, ќе биде преместена од таму. Според портпаролот, бикот се преместува поради безбедност на њујорчаните, а точната нова локација сè уште не е откриена, пренесуваат медиумите.

Статуата привлече поголемо внимание коаг стана собирно место за голем број демонстрации, особено на протестите „Окупирај го ‘Волстрит’“ кога во 2011 луѓето со недели се собираа пред неа за да го искажат незадоволството од економската нееднаквост. Неодамна, на 7 октомври, за време на протест против климатските промени врз статуата беше истурена лажна крв, со цел да се илустрира опасноста од голбалното затоплување врз животната средина.

Официјалните лица велат дека по информациите за релокација, се создал долг ред од луѓе што сакале да се фотографираат со познатата скулптура на бик од бронза, дело од американскиот скулптор со италијанско потекло Артуро ди Модика. Самиот автор се спротивставува на преместувањето на бикот од локацијата за која всушност е направен.

Скулптурата на бикот е висока 3,4 метри, долга 4,9 метри и тежи 3.200 килограми. Таа покажува разјарен бик, подготвен да нападне и со изгледот оддава израз на моќ и сила.

Денес, скулптурата е популарна туристичка дестинација која привлекува илјадници луѓе на ден, важи за една од најпознатите глетки во Њујорк и икона на Вол Стрит.

Според некои убедувања, триењето на носот и роговиоте на бикот носи среќа.

Економија

„Нептун“ ја почна кампањата „Заедно донираме повеќе“

Објавено пред

Во рамките на воспоставената стратешка соработка помеѓу Нептун Македонија ДОО и СОС Детско Село, од 3ти до 19ти август, започнува Нептун кампања “Заедно донираме повеќе”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во Нептун имаат можност да се вклучат во донаторска акција.

Ајде заедно да овозможиме децата и младите без родители и родителска грижа:

Да имаат топол дом, грижа и чувство на припадност

Да растат во семејство, опкружени со љубов и сигурност

Да имаат среќно и безгрижно детство

Да имаат квалитетно образование

Да имаат сигурна иднина

Да бидат едноставно ДЕЦА

СОС Детско Село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот е посветена на згрижување на деца без родители и родителска грижа, и во нашата земја ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ”Ниту едно дете да не расте само”.

Од друга страна Нептун Македонија ДОО е компанија со постојан активен однос во општеството. Општествена одговорност на компанијата од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние

за Информација за медиуми

од Нептун Македонија ДОО

датум 03 август 2021

работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше во креирање на ваква кампања. Водени од моделот на заедничката вредност на идејата дека корпоративниот успех и социјалната заштита се меѓусебно зависни, за Нептун Македонија ДОО помошта на заедницата останува императив.

Прикажи повеќе...

Економија

Горивата поскапуваат

Објавено пред

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 2,00 денара за литар, а малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува 3,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,50 денар за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,101 денар за килограм и сега ќе изнесува 37,981 ден./кг.

Од 4.8.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 75,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 63,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 37,981 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Законот за стечајците стапи во сила, имаат 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Објавено пред

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, популарно наречен Закон за стечајците, стапи во сила. Стечајците што ги исполнуваат условите треба во рок од 30 дена да се пријават во подрачните единици на Агенцијата за вработување, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Законот за стечајците, кој минатата недела едногласно беше усвоен во Собранието, обезбедува околу 1.100 стечајци да добиваат паричен надоместок од 9.242 денара до денот на пензионирањето или 34 % од просечно исплатената месечна нето-плата за работник во државата за претходната година.

Со овој закон, како што потсетуваат од Министерството, материјално ќе се обезбедат лицата што имале најмалку 14 години работен однос во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, кои на денот на поднесување на барањето се на возраст од најмалку 52 години (жена) и 55 години (маж), на кои работниот однос им престанал заклучно со 31 декември 2020, кои оствариле право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и кои од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон не биле во работен однос.

Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај ликвидација или технолошки вишок, во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена тие да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата, во периодот од 1 јануари 1993 до 31 декември 2020 година.

Со последните измени на Законот за стечајците, од 2017 година до денес решен им е статусот на речиси 13.000 стечајци.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија12 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија16 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија17 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија18 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија18 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија20 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет21 час

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа21 час

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија22 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија22 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија1 ден

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија1 ден

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија1 ден

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија1 ден

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт2 дена

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија2 дена

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ2 дена

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Досие