Контакт

Економија

Германија: Санкциите од САД за „Северен ток 2“ се мешање во енергетскиот суверенитет на ЕУ

Објавено пред

Германските бизниси ги сметаат изјавите на Вашингтон за можни нови санкции на гасоводот „Северен ток 2“ за пренесување на руски природен гас кон Европа, како невидено мешање во енергетскиот суверенитет на Европската Унија, изјави денеска Оливер Хермес, претседател на германската Источна бизнис-асоцијација, пренесува „Спутник“.

„Заканата од непосредни санкции на САД врз европските компании вклучени во проектите ‘Северен ток 2’ манифестира неверојатно ниско ниво на трансатлантските односи. Постојните ослободувања се откажани во еден миг, без никакви консултации со европските сојузници, а околу 120 компании од 12 европски земји сега се под директна закана од санкциите на САД“, рече Хермес, истакнувајќи дека невиденото мешање на Вашингтон во европскиот енергетски суверенитет ќе резултира со дефицит во испораките и последователни превисоки цени.

Шефот на асоцијацијата, претставувајќи ги интересите на германските компании во Источна Европа и постсоветските држави, рече дека инвестициите од над 12 милијарди евра во „Северен ток 2“ сега се под закана.

„САД ја поткопуваат слободната и фер конкуренција и користат санкции за заштита на своите економски интереси. ЕУ нема друг избор освен претпазливо да реагира на овој обид за изнуда“, рече Хермес, повикувајќи ја ЕУ брзо да излезе со серја строги мерки.

Германско-руската трговија губи речиси 20 милијарди евра на годишно ниво поради санкциите на ЕУ кон Русија, потсетува Хермес, изразувајќи верување дека новите санкции ќе бидат „апсолутно несоодветни“.

Економија

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Објавено пред

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените, кои во овој момент за иста вредност во работата се 23 % пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопанските комори, Здружението на бизнис-жените и Сојузот на синдикатите на Македонија по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 Септември.

„Глобално, жените заработуваат 23 % помалку од мажите, а јазот на национално ниво е 19 %. Ова е причината зошто создадовме национална коалиција со повеќе засегнати страни за да постигнеме еднаква родова плата за работа со еднаква вредност. Според анализата на УСАИД објавена во јули минатата година, проценетиот сооднос на приходите на жените во однос на мажите во нашата земја е 0,49 проценти, што претставува најголем јаз во регионот“, изјави Габриела Кулебанова, потпретседателка на Сојузот на стопанските комори.

Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис-жените, вели дека во државата постои широка правна рамка со која се регулираат прашањата за еднаквите можности, недискриминацијата и учеството на жените на пазарот на трудот.

„Меѓутоа, и покрај постоењето солидна законска регулатива и стратешки документи, евидентна е повеќекратната дискриминација на жените и нивна неможност во претприемаштвото и корпоративниот свет да напредуваат еднакво и покрај квалитетот и соодветните квалификации. За изедначувањето на платите и за пробивање на стаклениот плафон, неопходна е поголема посветеност на сите релевантни субјекти, родово водени статистики, подигнување на свеста за проблемот и за обезбедување еднакви можности за поддршка и финансирање на жените во приватниот сектор“, вели Дисоска.

Меѓународниот ден за родова еднаквост годинава се одбележува првпат во услови кога светот се бори со пандемијата, која уште повеќе ја зголемува нееднаквоста.

Жените сочинуваат две третини од здравствената работна сила во светот, вклучително и 85 отсто од медицинските сестри и 90 отсто од здравствените работници кои се вклучени во долготрајната нега на болните. Жените се соочија и со товарот од дополнителната неплатена работа предизвикана од затворање училишни и установи за згрижување деца. Жените исто така во поголем број останаа без своите работни места бидејќи работат во секторите што се најпогодени од кризата.

Катерина Поповска од Сојузот на синдикатите на Македонија вели дека колективното договарање помеѓу синдикатите и организациите на работодавци како членови на Економско-социјалниот совет има потенцијал значително да ги намали родовите разлики во платите преку четири инструменти, што оваа коалиција на организации силно ќе ја поддржи и промовира.

Прикажи повеќе...

Економија

УСАИД ќе го поддржи бизнис-растот во областите туризам, земјоделство и производство

Објавено пред

Новата иницијатива имплементирана од „Линк акрос“ и кофинансирана од УСАИД, регионалниот проект за економски развој, управување и развој на претпријатија, е фокусирана на поттик на економскиот раст во Северна Македонија и Албанија. Оваа иницијатива, наречена „Гроу биз“ (GrowBiz), е особено навремена со оглед на економското влијание на пандемијата на Ковид-19.

„Гроу биз“ има цел да помогне во растот и зглемената продажба во областите туризам, земјоделство и производство. „Гроу биз“ ќе овозможи интегриран и приспособен пристап, кој почнува со обуки и резултати во креирање и рафинирање приспособен план за раст, со помош на извршни бизнис-експерти во обука и регионални индустриски експерти. Македонските бизниси ќе имаат бенефит од над 22 часа обука за стратегиски менаџмент, истражување на пазарот, дигитален маркетинг, брендирање, задоволство на потрошувачите и вработените, одржливост на животната средина и социјална одговорност. Овие обуки ќе бидат дополнети со над 20 часови еден на еден трнинг, т.е. обука и консултациски сесии со искусни деловни луѓе од САД и од нашиот регион, со цел креирање и почеток на имплементирање план за бизнис-раст. Дополнително, учесниците ќе имаат бенефит од понатамошни 8 часа изборни обуки фокусирани на специфични теми од земјоделството, туризмот или секторот на лесно производство, како и адаптирана ревизија на дигиталниот маркетинг, и изработка на промотивно видео.

„Гроу биз“ е отворена за мали и средни компании регистрирани во Северна Македонија или Албанија во следните сектори: земјоделство и обработка на земјоделски производи, еко/авантура/рурален туризам, производство на текстил и облека и производство и обработка на дрво.

За повеќе информации и регистрирање на овој уникатен и иновативен програм посетете ја фејсбук-страницата https://www.facebook.com/linkacross. Рокот за аплицирање е 9 октомви 2020 и бројот на учесници е ограничен.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи се сретна со Советот на странски инвеститори: Ги слушаме потребите на компаниите

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, попладнево, во рамките на серијата консултативни средби со стопанските комори, синдикални организации, граѓански и организации на работодавачи и академската и стручна заедница, реализираше работна средба со управниот одбор на Советот на странски инвеститори, каде што беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат странските компании, актуелната економска ситуација, но и плановите на Владата на краток, среден и долг рок.

Тој додаде дека Владата во првите недели од конституирањето реализираше серија средби со сите релевантни  учесници во економскиот живот, од консултативен карактер, првично да се слушнат предизвиците и предлог-решенијата за нивно надминување од бизнис-заедницата, работниците и научната јавност, во насока на креирање сеопфатен и ефективен сет мерки со кои ќе се овозможи поддршка на оние на коишто таа им е најпотребна.

Битиќи се осврна и на плановите на Владата, на среден и долг рок, кои предвидуваат создавање патформа за економски развој, која ќе овозможи пред сè побрз и одржлив раст на економијата, но и предвидливост и сигурност за странските и домашните инвеститори. Креирање на уште поповолна бизнис-клима, преку консултации за секоја поважна промена која би можела да има влијание на деловните активности, борба so корупцијата и криминалот и сузбивање на сивата економија се само дел од темите за кои во периодот кој следи ќе се создаде широк фронт на активности, кој ќе бара тесна соработка помеѓу сите страни во економското живеење.

Токму во таа насока беа и клучните барања на Советот на странски инвеститори кои ги презентираше претседателот и извршен директор на ЕВН, Штефан Петер.

На крајот на средбата vицепремиерот Битиќи и членовите на управниот одбор на Советот на странски инвеститори го потврдија заедничкиот интерес и желба за отворен дијалог и партнерски однос на чинителите во економијата, пред си за излез од кризата предизвикана од Ковид -19, но и создавање на развојна одржлива економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион27 минути

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 час

Национален парк во Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови во Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 час

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на...

Регион1 час

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција започна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како „медиган“. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 час

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два...

Свет2 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет2 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија2 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ3 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа3 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет3 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион4 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија15 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ16 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет16 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија16 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ17 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ19 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура19 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија21 час

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Досие